Гигантски матки и 14-метарско новороденче пред гинеколошка болница во Катар (ВИДЕО)

Британскиот скулптор Демиен Хирст предизвикал големи контроверзи со своите гигамтски скулптури на матки и 14-метарско новороденче од бронза кои се поставени покрај патот кој води до женскиот здравствен центар во Катар.

0
184

14 гигантски скулптури на Дeмиан Хирст, прикажувајќи патување на фетусот од зачнувањето до раѓањето, биле откриени на влезот во новата болница во Катар, откако претходно цели пет години стоеле покриени, наводно, зада се заштитат од градежнитеработи.

Оваа огромна инсталација на отворено која ги поздравува пациентите кои пристигнуваат во болницата Сидра во Катар е именувана како „Чудесното патување“. Автор е британскиот уметник Демиен Хирст и покажува фетус кој расте во матката и кулминира со 14-метарско. Практично, скулптурите на британскиот уметник Демиен Хирст, го претставуваат патувањето од зачнувањето до раѓањето.

Скулптурите предизвикале голема вознемирност на социјалните мрежи што според нивниот автор било и очекувано, со оглед на тоа што, како што вели тој, ова е првата гола скулптура на Блискиот Исток.

Фото: Си-Ен-Ен

[better-ads type='banner' banner='999' ]