Ако не сакате, не морате да го убедувате детето во постоењето на Дедо Мраз, но не му ги уривајте илузиите и не му зборувајте дека не постои. Дајте му попригоден одговор од типот: „Сѐ додека веруваш, тој ќе постои!“
Бајките се од секогаш составен дел на детството. Со самото тоа, и Дедо Мраз е дел од растењето на секое дете. Тој е тука за да ја разбуди праведноста и желбата и тоа еден ден да наградува сѐ што е добро.
Ако детето се соочува со проблеми без претходно запознавање со бајки и развој на фантазијата, ќе се чувствува несигурно и може да има трајни последици од таквите трауми. Како возрасен човек ќе биде доста несигурно, потешко ќе носи одлуки и ќе се бори со проблеми. Децатасе незаштитени и се чувствуваат несигурно без оглед на сето внимание и љубов кои ги добиваат од опкружувањето.
Верувањето во чуда им помага да се чувствуваат посигурно. Во измислениот свет, децата се преправаат дека се дел од него и така вежбаат ситуации кои ќе им бидат од помош за полесно да ги решаваат проблемите.
Што ако некој на децата им ги скрши илузиите за постоењето на Дедо Мраз?
На деца на возраст од три или четири години многу тешко им паѓа ако некој постар другар или сестрата им ја скршат илузијата дека Дедо Мраз не постои. Тогаш децата навистина можат да страдаат. Обидете се да им ја вратите магијата и вербата уште некое време додека самите не бидат подготвени.
Не кажувајте му на вашето дете дека неговиот пријател рекол дека не постои, затоа што тој не е доволно добар, така што Дедо Мраз не го посетува. На децата никогаш не треба да им се кажува дека детето не е добро. Многу е подобро да му кажам дека Дедо Мраз доаѓа само кај деца кои веруваат дека постои.
Никако не му кажувајте на вашето дете дека неговиот пријател рекол дека не постои, затоа што тој не е доволно добар, па Дедо Мраз не го посетува. На децата никогаш не треба да им се кажува дека некое дете не е добро. Многу е подобро да му кажете дека Дедо Мраз доаѓа само кај деца кои веруваат дека тој постои.
„Ако им кажам на моите деца за Дедо Мраз, тие секогаш ќе веруваат во лаги!“
Ова е една голема заблуда на одделни0 родители. Психолозите тврдат дека тоа апсолутно не е точно. Кога децата во вистинско време ќе престанат да веруваат во Дедо Мраз, тие нема да бидат разочарани.
Многу е важно децата од предучилишна возраст да веруваат во добрина и совршенство, да поминуваат што е можно повеќе време во светот на магијата и имагинацијата. Тие веруваат во Дедо Мраз, и додека некој не ги наведе на тоа, тие си ги „трескаат“ своите мали главчиња размислувајќи дали воопшто постои.
Децата на кои им е ускратено да се развиваат низ фантазијата, најчесто пораснуваат во циници и вечно се скептични.
Исто така, оние деца на кои секогаш им било кажувано дека Дедо Мраз не постои, а го виделе на филмови или на улица, силно сакаат тој сепак да постои и тајно се надеваат на тоа, но не смеат да признаат пред своите родители. Тие обично подоцна имаат негативен став кон новогодишните празници и шират негативна енергија околу нив во текот на овој период. Слично е и со децата на кои илузиите им биле срушени, а родителите не се потрудиле да им ја вратат вербата. Нема причина на кој било начин да развивате и да подгревате негативноста кај децата кон нешто што е навистина убаво.
Кога детето ја тестира довербата во родителите
Децата кај кои родителите ја развиваат вербата во доброто, имаат доверба во нив, им се радуваат на празниците и со нетрпение го чекаат нивното пристигнување. Меѓутоа, ако децата им се лутат на своите родители, тие нема да сакаат да учествуваат во празниците. Како што расте детето, неговата перцепција се подобрува и со тек на време знае да препознае кога во улогата на Дедо Мраз е неој родниа или таткото и кога тој не изгледа како вистински Дедо Мраз. Сепак, тоа нема да му пречи тој сè уште да верува во бајката.
Родителите треба внимателно да одговараат на прашањата во врска со Дедо Мраз, бидејќи не е поентата ниту слепо да тврдите дека тој постои. Секогаш и во сѐ што е врзано за Дедо Мраз треба да има доза на мистично и неразбирливо.
Кога престанува верувањето во Дедо Мраз?
Децата престануваат да веруваат во Дедо Мраз обично во времето кога ќе почнат да одат во училиште. На возраст од шест години, тие умеат да се справат со различни ситуации. Повеќе не им е неопходна поддршката од нереални суштества и бајки, туку можат да се соочат со работите такви какви што се.
Тогаш можете слободно да го водите вашето дете само да си одбере новогодишен подарок, затоа што Дедо Мраз ќе замине во убавите спомени. Сепак, потрудете се детето да ја задржи магијата на празниците и понатаму да ужива во другите убавини на новата година.
Фото: Pixabey