Основната состојка на овој сладолед е бананата која треба да се исечка на тркалца и да се чува најмалку два часа со замрзнувач. Можете да исечкате и поголема количина за да имате основа за правење сладолед за неколку дена.
Ставете во блендер една замрзната банана и една рака сезонско овошје. Многу добро се комбинира со црвено зрнесто овошје (јагоди, малини, боровинки, капини), но може да се комбинира и со киви, кајсии или билон кое друго овошје кое вашето дете го сака. Изблендирајте го овошјето и послужете.
Не е потребно да се додава шеќер затоа што бананата му дава блажина и кремава структура. За поголемите деца и за возрасните може да се комбинира со лешник ф’стаци или други јаткасти плодови. Со малку креативност, ќе уживате цело лето.