Вработените од Мериот готвеа за децата од Центарот за церебрална парализа

Со приготвени колачиња, мафини, сладолед и други вкусни закуски, вработените на Скопје Мериот хотел ги посетија децата заболени од церебрална парализа.

0
181

Вработените од Мериот Скопје заедно со претставници на Црвениот крст на град Скопје, го посетија Центарот за церебрална парализа и ги израдуваа децата со колачиња, мафини, сладолед и други вкусни закуски.

Посетата беше дополнета и со музичари па децата заедно со вработените на Мериот се забавуваа на познати музички теми.

Целиот настан за децата претставуваше уникатно искуство и ден исполнет со пријатни задоволства.
Приготвувањето храна и целосната посета на Центарот е во склоп со филантропска филозофија на ниво на групацијата Marriott, наречена Take Care Initiative. Преку оваа глобална иницијатива се поттикнува високото ниво на култура и свест на вработените кон заедницата и кон граѓаните.

Самата иницијатива е изградена врз почитување на трите столба – грижа за себе, за оние со кои си во непосреден контакт, како и за сите во целина, со што се придонесува за добросостојба и помагање на средината и граѓаните, како и за поголема сплотеност на колективот.

Скопје Мериот хотел низ повеќе слични активности ја искажува својата одговорност и обврска кон создавање позитивно и одржливо влијание во средината каде работи.

[better-ads type='banner' banner='999' ]