„Дојдов на преглед и, додека се мерев, ми пукна водењакот. Имав закажано царски рез кој се помести за еден ден”, рекла таа за Фокс њуз.
Се предвидувало дека бебето ќе тежи околу 6 килограми, но ги изненадило сите кога се родило во Медицинскиот центар Banner Thunderbird во Глендејл, Аризона.
„Имав голем стомак и ми беше навистина непријатно. Сепак, би повторила се ако треба”, истакнува таа.
И постарите браќа Финли, Девлен (10) и Еверет (2), исто така, се родени со царски рез, но на планираниот датум.
„Тежеа 3.700 и 5.000 грама, па Финли ги надмина“, додава гордата мајка.
Дури и докторот што го породило бебето рекол дека тоа е најголемото бебе што го видел во неговата 27-годишна кариера.
„Тој беше славен во болницата. Медицинските сестри и лекарите постојано зборуваа за него”, вели мајката.
Заради големината, семејството морало брзо да купи поголема облека и пелени.
„Моравме веднаш да земеме големина 2, иако имавмењ снабдено се за новороденчиња, со големина 1“.
Финли веќе носи бебешка облека наменета за возраст од 6 и 9 месеци. Помина осум дена во одделот за неонатална интензивна нега и сега е дома со своето семејство.
Патонаи инаку страда од згрутчување на крвта и миоми, па затоа имала 19 спонтани абортуси. Како резултат на тоа, нејзината разделба од Финли во текот на осумте дена што ги поминал на интензивна нега тешко ѝ паднала.
„Вреди за секоја болка, крв и солзи“, заклучила таа.
Фото: Фејсбук