Во торбата за родилиште трудниците треба да си додадат и мастики

Идните мајки при подготвувањето на торбата за родилиште размислуваат за потребите на бебето и за личната хигиена, но ретко им паѓа на памет да си земат и мастики за џвакање.

0
1011

Истражувањето објавено во списанието Journal од Maternal-Fetal and Neonatal Medicine ги испитало ефектите кои ги имаат мастиките врз опоравувањето по царскиот рез.

Истражувачите се обиделе да дојдат до заклучок дали може мастиките да бидат од помош.

На жените кои се породиле им биле дадени мастики веднаш по породувањето, а ги џвакале три пати дневно по 30 минути.

Резултатите покажале дека џвакањето на мастиките помогнала за побрзо опоравување на системот за варење. Жените почнале побрзо да испуштаат гасови и им било поттикнато побрзо движење на цревата кај оние кои не џвакале мастики. Не само што на тој начин е намалено времето за опоравување на цревата туку имало и помалку случаи на мачнини и на повраќање.

Жените кои џвакале значително побрзо добиле апетит.

По анализа на резултатите, испитувачите заклучиле дека „џвакањето мастики треба да почне веднаш по царскиот рез и да се практикува три пати дневно по половина час додека не се појават гасови кои се знак дека почнува опоравувањето на системот за варење“. Истражувачите им препорачале и на болниците да почнат да го разгледуваат користењето на мастиките во постоперативната нега.

Др. Џино Пекораро рекол дека еден едноставен и ефтин третман како овој би можел да им помогне на жените за побтрзо опоравување

„Заштедите на здравствениот систем заради пократкиот престој на родилките во болниците додека чекаат да им се опорави системот за варење исто така би можеле да бидат значајни“, рекол др.Пекораро.

„Таквите заштеди би можеле да остават простор да се вложат пари во некои други работи кои моментално не се обезбедени, како што е тоа постпородилната грижа за менталното здравје“, додал др.Пекораро.

[better-ads type='banner' banner='999' ]