Во првата година од животот на детето, една двојка се кара дури 2.500 пати

Ново истражување спроведено на 2.000 луѓе открива дека младите родители, во текот на првата година од животот на детето, имаат и до 7 кавги на ден.

0
171

Да се ​​роди и да се израсне „мал човек“ понекогаш е тешко. Тоа влијае и на романтичната врска помеѓу вас и вашиот партнер. Истражувањето спроведено од страна на ChannelMum и The baby Show покажало дека младите родители, во текот на првата година од животот на детето, имаат дури 2.500 расправии.

Истражувањето спроведено на 2.000 родители покажало дека најчестите спорови се околу тоа кој е повеќе или помалку уморен, кој ќе биде „на должност“ следната вечер, а 16% од двојките исто така се судираат и околу недостатокот на сексуален однос. Во меѓувреме, 17% веруваат дека во првата година од животот на детето генерално чувствуваат недостаток на љубов од партнерот, а 12% наведуваат дека до кавга доаѓа откако еден од партнерите ќе се обиде да иницира секс.
Остатокот од кавгите се случуваат поради обидот да се усогласат домашните работи и грижата за детето кои вклучуваат хранење и менување на пелени и облека. Исто така, и околу тоа колку често и кога бебето треба да јаде и пие течности и дали треба да биде оставено и колку долго да плаче сам. За една петтина од двојките, овие кавги доведуваат до развод во првата година од животот на детето, пренесува Parents.

Зоа Бонсер, водителка на „The Baby Show“, во изјавата за истражувањето навела колку е „вознемирувачки да се види колку двојки се разделуваат во првите 12 месеци од родителството, а тоа би требало да биде еден од највозбудливите периоди во нивните животи. Иако е тоа прекрасен период, нема сомнеж во тоа, ова е стресен период кој носи промени во начинот на спиење, рутините и одговорностите и навикнување на трето лице во куќата на кое му треба постојана грижа и внимание“.

Другите резултати велат дека 6 од 10 родители не се подготвени за влијанието и промените што ги донело бебето во нивните животи, додека третина од двојките можат да поминат пет дена по ред без да разговараат со нивниот сопружник. Повеќе од една петтина од родителите исто така изјавиле дека им е тешко да се навикнат на помалку пари отколку што имале пред да се роди детето. Шокантно е и тоа што повеќе од 25% од испитаниците изјавиле дека им недостасува чувство на блискост со нивниот партнер по раѓањето на детето.

Добрата вест е дека 23% од испитаниците рекле дека бараат помош од пријателите и семејството, и дека одредени тактики, како што се наизменично ноќно хранење, планирање однапред и одредување на време за секс, дружење со пријателите и редовно излегување, помогнале во зајакнувањето на партнерските односи.

Значи, ако вие и вашиот партнер исто така „се борите“ да се договорите за обврските поврзани со новороденчето – не плашете се затоа што не сте сами!

„Дури и оние двојки кои обично комуницираат одлично и имаат одлична врска можат да потврдат дека првите неколку месеци по раѓањето на бебето се многу стресни, а расправиите се навистина нормален дел од процесот на прилагодување“, изјавила Сиобхан Фригард, основачка на родителскиот интернет портал ChannelMum.

„Планирањето на времето кое партнерите ќе си го посветат еден на друг може да биде исто толку важно како и учењето како да се чува детето затоа што среќните родители природно ќе резултираат со среќно дете.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]