Во оваа сибирска градинка, полевањето со ладна вода не е предизвик, туку дел од програмата

Дали можете да се замислите себеси или вашето дете како на минусни температури надвор се поливате со кофа студена вода?

0
199

Деца на возраст од 5 и 6 години од сибирска градинка се соблекуваат по долна облека и се полеваат со кофа студена вода, и тоа е дел од наставната програма.

Во државната градинка број 317 во Краснојарск, Сибир, која е позната и како Сибиријачок или Мал Сибир, се верува дека на овој начин се спречуваат инфекциите и децата се поздрави.

Ова потсетува на оној глобален предизвик за полевање со кофа со студена вода, чија цел беше да се поткрене свеста за АЛС (амиотрофична латерална склероза), но и да се соберат донации со кои ќе се овозможи пронаоѓање на лек за оваа болест.

Но единственото нешто што е слично е самото полевање со студена вода, бидејќи  во оваа сибирска градинка, полевањето со ладна вода не е никаков предизвик, туку дел од редовната програма.

Редот е ваков: Децата прво престојуваат во сауна, а потоа излегуваат надвор на снегот, по долна облека и се полеваат со кофа студена вода, сѐ додека температурата не е пониска од – 25 степени.

„Децата првин се загреваат во сауна, па одат надвор на традиционален туш со студена вода“, вели портпарол на одделот за образование во Красјнојарск.

Учителката Оксана Каботко, која им е и тренер по пливање на децата од претшколска возраст, вели дека децата се полеваат со студена вода доколку температурата не е пониска од -25 Целзиусови степени. Повеќето родители даваат дозвола за студениот туш, за кој учителката тврди дека им помага на децата да не настинуваат. Освен на пливање, таа ги учи децата и како да дишат кога ќе се соочат со студот.

„Децата што се тушираат со студена вода се поразумни, попозитивни и подобро организирани. Замислете да треба да го правите тоа секое утро, потребна ви е силна волја за да го направите. Ние никого не принудуваме“, вели таа и додава:

„Нашиот лекар потврдува дека децата од групите што практикуваат туширање со студена вода многу полесно го поминуваат сезонскиот грип“.

Генерално, статистичките податоци покажуваат дека постојат 95 отсто здрави деца во групата што се тушира во споредба со 75 отсто во другите групи – вели наставничката Љубов Данилцова.

Фото: Тhe Siberian Times

[better-ads type='banner' banner='999' ]