Воспитни навики на родителите кои им ја „крадат“ менталната енергија на децата

Има неколку работи што треба да ги избегнувате ако сакате да одгледате ментално силно дете кое е способно да се соочи со најтешките животни предизвици.

0
690

Одгледувањето на ментално силно дете не значи дека тоа дете нема да плаче кога е тажно или дека понекогаш нема да доживее неуспех. Менталната сила не ве прави имун на животните неволји и не се сведува на потиснување на вашите емоции.

Напротив. Менталната сила им помага на децата да се опорават од неуспесите и препреките и им дава моќ да продолжат, дури и кога се сомневаат во себе.

Но одгледувањето на ментално јако дете бара од родителите да ги избегнуваат честите, но нездрави воспитни навики кои на децата им ја „крадат“ менталната сила. Еве што треба да избегнувате ако сакате да одгледате ментално силно дете кое е способно да се соочи со најтешките животни предизвици.

Да го поттикнувате менталитетот на жртва

Губењето на натпревар или неуспехот на тест не го прават вашето дете жртва. Одбивањето, неуспехот и неправедноста се дел од животот.

Одбијте да учествувате во самосожалувањето на вашето дете. Научете го дека без оглед на тоа колку се тешки или неправедни околностите во кои се наоѓаат тие секогаш можат да направат позитивни чекори.

Воспитување со чувство на вина

Попуштањето пред чувствата на вина го учи вашето дете дека е вината нешто неподносливо. А децата кои мислат дека е вината нешто ужасно нема да можат да кажат не некому кој ќе им каже „ако ме сакаш ќе го направиш тоа за мене“.

Покажете им на своите деца дека дури и ако се чувствувате виновни, а сите добри родители понекогаш се чувствуваат така, нема да им дозволите на своите непријатни емоции да му застанат на патот на вашето носење на мудри одлуки.

Го претвараат своето дете во центaрот на космосот

Ако целиот ваш живот се врти околу вашите деца, тие ќе пораснат мислејќи дека сите би требало да им угодуваат. А возрасните кои се претерано самоуверени и кои мислат дека имаат право на сѐ што ќе посакаат во животот нема да стасаат далеку во животот.

Дозволуваат стравот да управува со одлучувањето

Иако држењето на вашето дете под стаклено ѕвоно ќе ви заштеди многу нерви – играњето на сигурно го учи вашето дете дека стравот мора да биде избегнат по секоја цена. Покажете им на своите деца дека најдобар начин да го победат стравот е да се соочат со него и ќе одгледате деца кои се волни да излезат од своите удобни зони.

Дозволуваат децата да имаат моќ над него

Да им дозволите на децата да одлучуваат што ќе јаде семејството за вечера или каде ќе се оди на летување им дава на децата моќ за која не се подготвени. Ако се однесувате кон нив како кон рамноправни – или како кон шефови – вие всушност им ја одземате нивната ментална сила.

Овозможете им на своите деца да вежбаат слушање наредби, слушање работи кои не сакаат да ги слушнат и извршување работи кои не сакаат да ги направат. Дозволете им на своите деца да носат едноставни одлуки, додека истовремено ја одржувате семејната хиерархија.

Очекуваат совршенство

Да се очекува од своите деца да бидат успешни е здраво. Меѓутоа, да се очекува од нив да бидат совршени не е добро. Научете ги своите деца дека неуспехот е сосема во ред и дека е во ред да не се биде извонреден во сѐ што прават.

Им дозволуваат на децата да избегнуваат одговорност

Да им се дозволи на децата да го прескокнат извршувањето на некои домашни задачи и одговорности може да биде примамливо. Конечно, вие веројатно сакате вашите деца да имаат безгрижно детство.

Но, децата кои ги извршуваат должностите соодветни за нивната возраст не се преоптоварени. Наместо тоа, тие стекнуваат ментална сила која е потребна з ада станат одговорни граѓани.

Ги штитат децата од болка

Тагата и тескобата се дел од животот. А да им се дозволи на децата да ги доживеат тие болни чувства им дава можнност да се соочат со непријатноста. Дајте им на своите деца потпора која им е потребна за да можат да се соочат со неизбежните животни ситуации.

Чувствуваат одговорност за емоциите на своите деца

Да ги разведрите своите деца кога с етажни значи преземање одговорност за регулирање на нивните емоции. Ова има смисол да се прави кај многу малите деца. Подоцна, децата треба да стекнат емоционална компетенција за да можат да научат како се контролираат чувствата. Проактивно учете ги своите деца на здрави начини да се справуваат со емоциите за да не зависат од тоа другите да го прават тоа за нив.

Ги спречуваат децата да згрешат

Со постојана контрола и поправање на задачите по математика или со проверувањето дали го спакувале својот ручек и со постојано потсетување на нивните должности нема да им направите услуга. Природните последици можат да бидат еден од најголемите животни учители. Дозволете им на своите деца одвреме навреме да згрешат па покажете им како да учат од своите грешки за да можат да пораснат во помудри и посилни личности.

Ги мешаат дисциплината и казната

Целта на казната е страдање поради своите престапи. Од друга страна, дисциплината се сведува на поучување на децата како да бидат подобри во иднина.

Одгледување на детето кое се плаши дека ќе „падне во неволја“ не е исто што и одгледување на дете кое сака да носи добри одлуки. Користете ги последиците кои им помагаат на вашите деца да развијат самодисциплина која им е потребна да донесат подобри одлуки.

Одат по линија на помал отпор

Иако попуштањето на вознемиреното дете или извршувањето на домашните задачи за кои е задолжено вашето дете наместо него, може малку да ви го олесни животот, но затоа пак ќе му создаде нездрави навики на вашето дете.

Бидете им на своите деца пример во одложувањето на задоволствата и покажете им дека можете да се спротивставите на тоа да го одбирате полесниот пат. Научете ги дека се доволно силни да истраат дури и кога сакаат да се откажат.

Ги губат од вид вистинските вредности

Многу родители не им всадуваат на своите деца вредности кои ги сметаат за важни. Наместо тоа, тие се толку преокупирани со секојдневниот хаос на животот што забораваат да ја гледаат пошироката слика.

Погрижете се вашите приоритети исправно да ги одразуваат работите кои најмногу ги цените во животот и ќе им дадете на своите деца сила да живеат разумен живот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]