Вонтелесното оплодување, од машки агол

Мојата приказна е наменета за сите идни татковци. Сакам да знаете дека сите сме заедно во ова. Не треба да се чувствуваме засрамени или несигурни во врска со нашиот проблем. Запомнете дека проблемите со плодноста не ве прават помала личност, и ако сте среќни како моето семејство, тие ќе ве направат уште посилни.

0
201

Речиси секогаш слушаме за неплодност и ин витро оплодување од гледна точка на жените кои поминале низ сето тоа. И со право, поголемиот дел од работата е во нивниот домен, но овојпат ја пренесуваме приказната на еден татко, кој ја раскажа приказната за своето семејство и ги охрабри сите во слична ситуација, да бидат храбри си силни.

Брајан Маза решил да ја сподели приказната за своето семејство и за нивното искуство со вонтелесното оплодување, заради сите идни татковци кои сакал да ги охрабри да бидат храбри и силни во слична ситуација.

Како изгледа ин витро оплодувањето од машки агол?

Растејќи, имав совршен однос со татко ми и во него гледав вистински пример. Бев навистина благословен што имав таков човек пред моите очи, кој го водеше нашето петчлено семејство и во добри и во лоши моменти. Како што растев, си велев: „Сакам да бидам ист како него“. За жал, после неколку неуспешни обиди мојата сопруга да забремени, овие соништа исчезнаа од видното поле – ја започнува својата приказна Брајан Маза.

Почетокот на приказната …

Како што дојдов во доцните дваесетти и раните триесетти, често слушав приказни за луѓе кои се соочуваат со проблем на неплодност, но никогаш не сум слушнал за ин витро оплодувањето од машки агол. Сега, кога сопругата Клои Милс и јас очекуваме уште едно дете со помош на овој метод, чувствувам еден вид одговорност да ја подигнам свеста за темата за која не е тешко да се зборува, а многу често им останува на жените да се занимаваат со неа.
Кога започна нашата приказна, јас и сопругата бевме во исто поглавје, но не и на исти страници кога станува збор за раѓање деца. Таа сакаше деца веднаш по венчавката, но јас не бев подготвен. Јас сум ко-основач на голема компанија со која во тоа време постојано отворав ресторан по ресторан. Мојата сопруга постигна огромен успех во нејзината новинарска кариера и имавме период на постојано излегување, патување низ светот и живеење на слободен живот. Не сакав да заврши, но знаев дека сакам да станам татко – па со текот на времето решивме да го направиме следниот чекор во бракот – да основаме семејство.

Кој е виновен …

Никогаш не помислив дека нема да можам природно да ја забременам сопругата. Не само што бев повреден поради неа, туку и поради сопствените чувства. Се гледав во огледало и не се чувствував како маж. По седум месеци обидување на старомодниот начин, отидовме на лекар, потоа кај друг, и кај следниот, се додека не стигнавме кај специјалист за неплодност. Тогаш сопругата откри дека има нешто што се нарекува намалена резерва на јајници, а јас сфатив дека моите пливачи не изгледаат толку силни колку што мислев. Да бидам искрен, имав намален број на сперматозоиди.
Тоа не беше начинот на кој мислевме дека ќе основаме семејство, но животот не оди како што мислиме.
Веднаш тргнав во одбрана, бидејќи мислев: „Ова не им се случува на оние кои навистина се грижат за сопственото здравје“. Играм фудбал од кога знам за себе, па дури и стигнав до првата лига на Универзитетот во Роуд Ајленд. Да кажам дека страсно сум посветен на здравјето и на фитнесот ќе биде потценување, па ова беше навистина огромен удар.
Практично, секој наш разговор со лекарите се сведуваше на разговор за моето резиме во спортот, од тоа дека интензивно тренирам секој ден, до притисок на панталоните што ги носам, тесните боксери, па дури и за количината на кафе што ја пијам. Се боруваше за сè што може барем малку да влијае на бројот на сперматозоиди и сè беше земено предвид.

Постои излез…

Да биде работата уште полоша, мојот однос со сопругата почна да страда бидејќи се чувствував како да сум ја изневерил. Нејзиниот сон за основање семејство беше одложен, а постојаните посети на лекарите доведоа до неуспешни обиди на постапките за вештачка инсеминација, а потоа и до огромна борба, но, да бидам искрен, тоа беше затоа што и двајцата бевме исплашени. Се плашевме од непознатото, а патот по кој се движевме беше комплициран. Никој од нас не беше подготвен за ова. Не сакавме крајниот резултат да биде ин витро оплодување. Се чувствувавме како да ни е непријател, зборови што не сакавме ниту да ги изговориме. Со текот на времето, сфативме дека ИВФ може да нè спаси (и тоа се случи). Тоа беше одговорот на нашите проблеми и почетокот на нашето семејство за кое толку многу сонувавме.
Ѝ ветив на сопругата дека ќе присуствувам на состаноците со лекарите секое утро, на кои ќе се снима растот на фоликулите, и дека ќе бидам таму за нејзиното секојдневно примање на хормони, што води кон вадење на јајце клетки. Кога конечно дојде денот на операцијата, тензијата беше огромна бидејќи можеше да има два исходи, а позитивниот се чинеше далеку во тој момент.
Следните неколку дена од постапката беа подеднакво кошмарни, затоа што чекавме ден за ден да ни кажат што се случува со ембрионите. Секој повик што го добивавме создаваше сè поголема нервоза. На крајот на краиштата, само еден ембрион беше одржлив, и за среќа, тој беше совршен колку што можеше да биде во таа ситуација. Решивме да го направиме трансферот на третиот ден наместо да ризикуваме и да го чекаме петтиот. Петтиот ден, можеше да замрзне и да биде испратен на генетско тестирање, па затоа бевме свесни дека ризикуваме. Сепак, на крајот на краиштата, ризикот се исплатеше. Не згрешивме.

Добри вести …

Две недели подоцна, бев во Бруклин и барав потенцијална локација за ресторан, кога добив порака од сопругата. Тоа беше слика на два позитивни теста за бременост. Никогаш нема да го заборавам тоа чувство што мина низ телото, затоа што конечно се оствари мојот сон да станам татко.
Имавме секако долг пат да поминеме, со уште лузни патем, но се држевме заедно и се боревме со сите сили за семејството. Нашиот син Лео беше вистинско чудо, кој нè научи многу за животот. Не мислевме дека ќе започнеме да создаваме семејство на овој начин, но животот не оди секогаш како што мислиме.

Среќен крај …

Сега, само две години по целата постапка на вонтелесно оплодување, очекуваме уште еден син. Ова бебе е исто така чудо на ин витро оплодување, кое помина на ист начин како и првото – со еден квалитетен ембрион и трансфер на третиот ден. Сфатив дека сме неверојатно среќни што успеавме да добиеме бебе по втор пат. Да не успеевме со ин витро оплодување, ќе баравме сурогат мајка, а исто така размислувавме и за посвојување – ништо немаше да не спречи да создадеме семејство за кое двајцата сонувавме.
Оваа приказна има среќен крај, но имаше моменти во мојот живот кога не мислев дека ќе имам шанса да ја раскажам. Мојата приказна е наменета за сите идни татковци. Сакам да знаете дека сите сме заедно во ова. Не треба да се чувствуваме засрамени или несигурни во врска со нашиот проблем. Длабоко вдишете и запомнете дека проблемите со плодноста не ве прават помала личност, и ако сте среќни како моето семејство, тие ќе ве направат уште посилни.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]