Вознемирувачко видео покажува зошто НИКОГАШ не треба да ставате ништо во креветчето на бебето

Виралното видео открива зошто никогаш не треба да ставате ништо во детското креветче. Клипот е споделен на ТикТок профилот Safesleepabc и го прикажува моментот кога бебето ќе го повлече ќебето преку лицето и ќе започне да се гуши

0
935

Застрашувачка снимка објавена на ТикТок открива зошто никогаш не треба да се остава ништо во креветчето на бебето. Насловот на ова видео е: „Ништо не оставајте во креветчето на вашето бебе“.

„За среќа, родителите на ова бебе пристигнаа на време“, но другите родители се предупредени дека некои бебиња можеби нема да имаат толку среќа.

Шокантното видео ги вознемирило другите родители, а многумина рекле дека им било „лошо“ откако го виделе видеото, пренесува The Sun.

Lullaby Trust им препорачува на родителите да избегнуваат какво било обложување на креветчето или оставање играчки во него. Најдобро е бебето да спие на цврст душек, без никакви блокади. Покријте го со чаршав што не е преголем и пробајте да го вовлечете под душекот. Бидете сигурни дека никогаш нема да оди преку главата на бебето. Ризикот од смрт во колевката е најголем во текот на првите шест месеци од животот, затоа во тој период ставете го вашето бебе да спие на грб. Под душекот можете да ставите перница што малку ќе го подигне делот каде што е главата на бебето.

Но никако не му ставајте на бебето перниче под главата. Од истата причина родителите се повикуваат да избегнуваат поставување настрешници над креветчињата. Педијатарката Рут Баркер во Квинсленд за MailOnline изјавила: „Лекував бебе кое повлекло мрежа за комарци за да стане, но таа на крајот му се завиткала околу вратот. За среќа, нејзината мајка влегла во собата и го нашла како виси од мрежата пред да биде доцна“.

Американската академија за педијатрија дава препораки за безбедно спиење на децата и за намалување на ризикот од смрт во лулката (SIDS):

1. Бебето секогаш треба да спие на грб без разлика дали станува збор за дневно или за ноќно спиење (не се грижете ако вашето дете е доволно големо и само се врти на стомак за време на спиењето).

2. Доенчињата треба да спијат на цврста и рамна површина во креветче или колевка што ги задоволува сите безбедносни услови. Никогаш не го ставајте детето да спие на кауч или на воден кревет.

3. Извадете ги сите меки предмети, вклучувајќи играчки, перници и заштитни облози од креветчето.

4. Најбезбедно место за спиење е креветчето или колевката што се наоѓа во иста просторија кадешто спиете и вие.

Некои други совети за намалување на ризикот од смрт во креветчето се: одржувајте пријатна температура во просторијата, не пушете во близина на детето или во која било просторија кадешто престојува детето.

[better-ads type='banner' banner='999' ]