Внимание: Облогите за детските креветчиња можат да ги убијат децата

Ризикот од удар со глава во креветската оградичка не е толку голем колку што е ризикот од гушење, се наведува во истражувањето кое во заклучокот дава препорака сосема да се забрани нивната продажба.

0
735

Истражувањето спроведено на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон покажало дека во периодот помеѓу 1985. и 2012.година, во Америка имало 48 случаи на смрт на новороденчиња поврзани со облогите за детските креветчиња. Освен тоа, облогите за креветчиња речиси предизвикале гушење или давење на 146 бебиња.

„Облогите за детските креветчиња ги убиваат децата“, изјавил др. Бредли Т. Тах., еден од авторите на истражувањето. „Облогите се многу поопасни отколку што мислевме. Случаите на смрт на новороденчиња кои ги проучувавме можеа да бидат спречени ако креветчињата беа празни“.

Можеби мислите дека облогите се потребни за да не си ги заглави бебето главчето или екстремитетите во оградата од креветчето, но за тоа не треба да се грижите затоа што од 1973 година, правилата се такви што пречките од оградата мора да бидат доволно близу за да не може главчето на бебето да помине низ нив. А ризикот од удари со главата не е толку голем како ризикот од гушење.

„Нашата студија е прва која документираше дека на децата можат да им се заглават екстремитетите и понекогаш да се удрат со главата дури и кога на креветчето има облоги“, коментирал првиот човек на истражувањето др.Н.Џ.Шеерс. „Исто така, малку е веројатно дека удирањето на бебето со глава во оградичката од креветчето може да предизвика сериозна повреда“.

Многу стручњаци и педијатриски организации во светот препорачуваат облогите за креветчиња да не се користат, но истражувачите заклучиле дека продажбата на облоги за креветчиња би требала да биде сосема забранета. Тоа би ја засилило пораката дека во детското креветче не би смеело да има никаква мека постелнина.

„Постои само еден безбеден начин да ја спречите смртта на новороденчињата како последица од користењето на облоги за креветчиња. Не ги користете“, порачал Бредли Т. Тах.

[better-ads type='banner' banner='999' ]