Внимание, не ги мијте рацете на бебето со дезинфициенс

Не треба да се мијат рацете на доенчињата со дезинфициенс затоа што тие можат да ги стават во уста или да ги истријат очите, такашто може да дојде до несакани реакции, вели педијатарката Џована Армано.

0
251

Според неа, дезинфекциските средства се препорачуваат во епидемија за дезинфекција на рацете. Со користењето дезинфициенси се препорачува почесто и правилно миење на рацете во траење од 40 до 60 секунди.

За нежната детска кожа, средствата за дезинфекција понекогаш можат да бидат претерано агресивни и во некои случаи може да предизвикаат локална реакција“, објаснува таа додавајќи дека децата кои доаѓаат во градинка, според препораките, во текот на оваа епидемија на коронавирус, ги мијат рацете со дезинфициенс.

„Понекогаш, по употреба на средства за дезинфекција, децата можат да имаат поцрвена и порапава кожа. Во овој случај, препорачливо е да нанесете неутрален крем после миењето за промените на кожата и црвенилото да поминат што побрзо“, вели таа.

Што се однесува до бебињата, докторката посочува дека новороденчињата не треба да ги мијат рацете со средства за дезинфекција, бидејќи можат да ги стават своите раце во устата или да ги истријат очите, такашто тоа може да дојде до несакани реакции.

„Покрај тоа, новороденчињата треба да бидат изолирани од инфекции што е можно повеќе и да се одржува вообичаената хигиена на бебето и околината. Бебињата да се капат и да ги мијат рацете со производи за нега на кожата на бебињата”, вели педијатарката, предупредувајќи:

„Затоа, при употреба на средство за дезинфекција, треба да се внимава да не дојде до контакт со очите и слузницата, но во случај на контакт со очите или усната шуплина, исплакнете темелно со обична вода.”

Бремените жени, родилките и малите деца можат повремено да ги дезинфицираат рацете, но, по правило, редовно миење на рацете е исто така неопходно пред да го нахраните бебето или генерално кога правите нешто со бебињата (пресоблекување, капење, гушкање, играње со бебето …) , заклучува педијатарката.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]