Внимание! Играчките можат да бидат поопасни отколку што мислите, дури и смртоносни

Осигурете се дека играчките и другите производи што работат со батерии, како што се малите електронски уреди, имаат прегради. Внимавајте на предмети како што се музички честитки и далечински управувачи, бидејќи одделите за батерии може да бидат оштетени. Чувајте ги резервните батерии подалеку од дофат на деца и веднаш исфрлете ги истрошените батерии.

0
233

Софи Скил, двегодишно девојче од Шефилд, поминало неколку денови во болница на апарати откако проголтало батерија со големина на монета, пренесува BBC.

Киселината од батеријата истекла од хранопроводот до нејзините бели дробови, предизвикувајќи ужасна болка и ја ставала во животна опасност. Лекарите посочиле дека нејзиниот случај не е единствен – две деца годишно во Велика Британија умираат поради голтање батерија

Овој вид батерија се користи за напојување на многу гаџети и играчки што ќе го најдат своето место под елката, предупредуваат експертите. Тие можат да се најдат во слушалки за десктоп, разни играчки како роботи, автомобили, музички честитки, итн.

Овие батерии, заради нивната форма и сјај, можат да бидат привлечни за малите деца, а честопати може да им асоцираат и на слатки. Ако се проголтаат, батериите можат да предизвикаат гушење и катастрофални изгореници.

Мајката на Софи, Клер ги предупредува другите родители за опасноста. Таа вели дека сè уште нема идеја каде нејзината ќерка ја нашла батеријата што ја проголтала.

„Таа сè уште дишеше и плачеше. Исто така гласно врескаше. Никогаш порано не сум чула таков врисок”, се сеќава Клер.

Клер веднаш ја однела Софи во болница и откако лекарите откриле што не е во ред, го сместиле девојчето во операционата сала за да ја отстранат батеријата. Иако Клер постапила многу внимателно и навремено реагирала, повредата предизвикана од батеријата на нејзиното дете била сериозна.

„За два часа, таа направила голема штета. Рентгенските снимки покажале дека батеријата ѝ создала изгореници на хранопроводот и белите дробови. Софи мораше да биде на апарати за дишење “.

Софи, која сега има шест години, се опоравила целосно откако пред 4 години поминала неколку дена во болница.

Експертите објаснуваат дека плунката во организмот со батерија прави реакција, создавајќи нагризувачки хемикалии, такашто навремената реакција во случаи како овој на Софи е многу важна. И истрошените батерии можат и понатаму да бидат опасни затоа што содржат доволно електричен набој за да предизвикаат сериозни повреди кај детето.

Што можеме да сториме?

Осигурете се дека играчките и другите производи што работат со батерии, како што се малите електронски уреди, имаат прегради.

Внимавајте на предмети како што се музички честитки и далечински управувачи, бидејќи одделите за батерии може да бидат оштетени.

Чувајте ги резервните батерии подалеку од дофат на деца и веднаш исфрлете ги истрошените батерии.

И, многу важно: Ако се сомневате дека вашето дете проголтало батерија, веднаш побарајте лекарска помош.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]