Многу пати сум разговарала со родителите за физичкото казнување на децата и секој пат беше непријатно. Така беше и сега. Владо има 6 години. Татко му често го тепа и не гледа ништо лошо во тоа, а мајка му вели дека е немоќна да промени нешто. Таа ми кажа дека понекогаш нејзиниот сопруг „станува нервозен“ и кон неа. Кај мене дојдоа заедно. Мајката на Владо седеше со наведната глава и цело време молчеше. Таа молчи затоа што знае што ќе се случи ако зборува а нејзиниот сопруг е „нервозен“, а не затоа што нема што да каже. Таткото зборува гласно, скоро да вика. Често се насмевнува, но некако иронично, извештачено. Тој ми вели:
„Сите тие ваши теории не вредат ништо, вие не знаете колку може да биде безобразен мојот син, на крајот на краиштата, јас тепам само кога некој ќе заслужи (на зборот „некој“ упатува брз поглед кон жена му), не сум виновен што Владо го заслужува тоа секој час (сега тој се смее широко, претпоставувам дека смета дека е тоа многу духовита забелешка), тој како да бара ќотек.
Јасно ми е дека овој татко и јас зборуваме на различни јазици и дека ќе биде тешко да се разбереме. Исто така, знам дека она што имам намера да го сторам не е воопшто професионално. Сепак, за мене е поважно да се разбереме отколку да бидам професионална. Го прашувам:
‘Колку си висок и тежок?’
Ме гледа збунето. Тој е навикнат да доминира секогаш и насекаде, над секоја личност, во кој било контекст. Тој не сака да се чувствува несигурен, дури ни за момент.
‘Што ме прашувате?’
‘Ме интересира. Ако не е тајна.
‘1,90 см и околу 100 кг’.
‘А вашиот син?’
‘115 см и околу 20 кг. Сè уште не разбирам зошто е важно.’
‘Размислувам за тоа колку би требало некој џин да биде поголем од тебе, во тој размер, колку што сте вие поголеми од вашиот син. И замислете, тогаш тој џин почнува да ве удира? Само се прашувам што би можеле да направите толку ужасно за да го заслужите тоа? И тоа не е крај, туку го заслужувате тоа секој час? И не е виновен џинот, туку вие како да си барате ќотек … Што мислите?
Тишина. Сфати. Во тој момент што изгледакако вечност, напнатоста во воздухот е тешка како олово. Овој татко и јас се гледаме во очи и молчиме. Тој чека прва да го спуштам погледот, а мене не ми паѓа напамет да го сторам тоа.
Текстот е од ТУКА.
Фото: Freepik