Време е за разговор за тогаш и сега. Во оваа активност ги покануваме учениците да се поврзат со постар роднина, преку Интернет или преку телефон и да се вклучат во разговор за климатските промени. Како се смени светот од времето кога тие беа млади? Учениците потоа можат да ги нацртаат своите видувања на тогашното и сегашното и да ги споделат своите цртежи!
Ова е предлогот на World’s Largest Lesson (Најголемата светска лекција) која им носи глобални цели на децата од целиот свет и ги обединува во преземањето акција. Тие порачуваат: Воведете ги целите за одржлив развој помеѓу децата и младите насекаде и обединете ги во акцијата за остварување на 17 глобални цели за одржлив развој за да ги постигнете овие 3 извонредни работи до 2030 година:
Крај на екстремната сиромаштија
Борба против нееднаквоста и неправедноста
Победа над климатските промени.
Побарајте ја ТУКА најголемата светска лекција и вклучете се и вие со своите деца на возраст од 8 до 14 години.
Што се Глобални Цели за одржлив развој?
Целите за одржлив развој се цели кои земјите членки на Обединетите нации ги поставија во 2015.година и се обврзаа да ги инкорпорираат во своите политики и агенди во следните 15 години, со цел до 2030. светот да стане подобро место за живеење. ЦОР се дел од планот за акција на ОН со цел да се искорени сиромаштијата, да се заштити планетата, да се промовира просперитет и да се обезбеди мир за сите во светот.
Агендата 2030 содржи три главни димензии кои се насочени кон исполнување на Целите за одржлив развој и тоа:
1. Универзалност – Целите се однесуваат на сите луѓе и сфери на општење. Тоа ги опфаќа сите градови, бизниси, организации и училишта и сите останати кои ќе се соочат со предизвикот да делуваат;
2. Интеграција – Целите се поврзани во заеднички систем. Една придонесува за друга и обратно. Немаме задача да постигнеме само една цел. Мора да ги постигнеме сите!
3. Трансформација – Остварувањето на овие цели бара и вклучува правење на големи и фундаментални промени во начинот на кој живееме на нашата планета.
Глобалните цели за одржлив развој се 17 на број и тоа:
Ставање крај на сиромаштијата насекаде во сите нејзини форми
Да се стави крај на гладта, да се постигне безбедност на храна и подобрена исхрана и да се промовира одржливо земјоделство
Да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и да се промовираат можности за доживотно учење за сите
Да се обезбеди инклузивно и правично квалитетно образование и да се промовираат можности за доживотно учење за сите
Да се постигне родова еднаквост и еманципација на сите жени и девојчиња
Да се обезбеди достапност и одржливо управување со водите и санитарни услови за сите
Да се обезбеди пристап до прифатлива, сигурна, одржлива и напредна енергија за сите
Да се промовира непрекинат, инклузивен и одржлив економски раст, целосно и продуктивно вработување и пристојна работа за сите
Градење на отпорна инфраструктура, промовирање на инклузивна и одржлива индустријализација и поттикнување на иновации
Да се намали нееднаквоста во и помеѓу земјите
Градовите и човечките населбите да се направат инклузивни, безбедни, отпорни и одржливи
Да се обезбеди одржлива потрошувачка и производство
Да се преземат итни мерки за борба против климатските промени и нивното влијание
Зачувување и одржливо користење на океаните, морињата и морските ресурси за одржлив развој
Заштита, обновување и промовирање на одржливо користење на копнените екосистеми, одржливо управување со шумите, борба против опустинување, запирање и реверзија на деградација на земјиштето и запирање на губењето на биолошката разновидност
Промовирање на мирољубиви и инклузивни општества за одржлив развој
Јакнење на средствата за спроведување и ревитализација на глобалното партнерство за одржлив развој
Фото: Pixabey