Видете како 6-годишник го спречи изливот на бес на помалиот брат (ВИДЕО)

Изливите на бес или т.н. тантруми се случуваат кога никој не ги очекува, честопати без нормален повод. Многу родители бараат совет за тоа како да се справат со такви ситуации, а одговорот можеби го знаат токму децата.

0
539

Секој родител ќе се согласи дека испадите на гнев кај децата се навистина напорни. Тие се случуваат кога никој не ги очекува, честопати без нормален повод. Многу родители бараат совет за тоа како да се справат со такви ситуации, а одговорот можеби го знаат токму децата.

Ешли Вест, мајка на тројца синови од Калифорнија, објави видео од нејзиниот четиригодишен син кој е на работ од тоа да добие излив на бес, кому неговиот шестгодишен брат му понага да го надмине ова.

„Мојот син беше на работ од тоа да доживее напад на бес и постариот син му помогна со вежба за дишење“, напиша оваа мајка.
„Диши“, вели постариот брат Ноа додека го води помладиот Кори низ вежбата за дишење.

Управувањето со сопствените чувства е тешко. Управувањето со чувствата на другите луѓе е уште потешко. Смирувањето на фрустрираното мало дете е предизвик и прилично е неверојатно што ова шестгодишно дете можеше да го стори тоа толку ефикасно и со толку трпеливост.

Фото: Твитер

[better-ads type='banner' banner='999' ]