Видео открива зошто е опасно децата да спијат на душек за возрасни

Повеќето душеци за возрасни се премногу опасни за бебињата. Тоа го демонстрирала сертифицирана консултантка за спиење на доенчиња и деца и испратила предупредување до родителите секогаш да ги заспиваат бебињата на цврст душек во нивното креветче.

0
250

Просечното бебе старо осум недели тежи околу 5 килограми, а на пет месеци, околу 7 килограми. Користејќи тегови тешки како бебе, сертифицирана консултантка за спиење на доенчиња и деца покажала како тие остануваат рамни на цврст душек. Меѓутоа, кога ги ставила на душекот за возрасни, теговите почнале да тонат.

„Може да има проблеми со дишењето. Бебето го вдишува сопствениот издишан воздух, а со тоа и повеќе јаглерод диоксид и помалку кислород. Ова може да доведе до трагедија, или задушување”, објаснува консултантката Мелиса.
Спиењето на меки душеци е исто така клучен фактор на ризик за синдром на ненадејна смрт на новороденчиња (СИДС), трагичната причина за смрт на бебињата. Таканаречената смрт во колевка се случува кога навидум здраво бебе умира без очигледна причина. Меките душеци, ќебињата и заедничкото спиење се водечките фактори поврзани со СИДС.

„Познато е дека меките душеци го зголемуваат ризикот од СИДС бидејќи можат да предизвикаат прегревање на бебињата. Душекот за бебиња треба да биде доволно цврст, така што главата на детето да не падне за повеќе од неколку милиметри кога ќе се стави на него. Истиот совет важи и за душекот за возрасни ако родителите одлучиле да делат кревет со своето бебе. Ако делите кревет, душекот за возрасни исто така мора да биде цврст и рамен“, истакнува Кејт Холмс од The ​​Lullaby Trust.

@babysleepcode

Understand the risks, & follow RedNose safer sleep guidelines when bedsharing. #safesleep #babysoftiktok #babysleep #newmama #aussiemums #sleeptips

♬ a thousand years (lullaby) – Christina Perri

Исто така, може да биде опасно за бебето ако родителот пуши (дури и ако не го прави тоа во спалната соба), ако зема дрога или лекови, ако бебето е родено предвреме или е родено со мала тежина.

Во извештајот на The Lullaby Trust се објаснува дека една американска студија покажала дека ако главата на бебето потоне еден сантиметар или повеќе во мека површина, ризикот од СИДС се зголемува петкратно. Друго истражување спроведено во Нов Зеланд покажало дека меките душеци за кревети го удвојуваат ризикот од СИДС.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]