Веќе по навршени две години, на детето не му треба попладневна дремка?

Додека попладневниот сон за помали деца досега беше широко препорачан, студиите откриле дека тоа може да има благи негативни последици врз нивното здравје и ноќниот сон

0
332

Попладневниот сон е исклучително важен за развојот на детето, а количината на спиење варира од дете до дете. На возраст од три или четири години, на некои деца повеќе не им е потребен дневен одмор.

Ако досега сте се бореле со вашето двегодишно дете да го заспиете среде ден, можете слободно да престаннете без грижа на совест. Имено, спиењето среде ден може да влијае на квалитетот на детскиот сон во текот на ноќта, потврдија експертите.

Додека од една страна се препорачува попладневно спиење за да може помладо дете да ги издржи целодневните активности, од друга страна дневниот одмор, по втората година од животот на детето, може да има негативно влијание врз неговото здравје. Имено, детскиот ноќен сон може многу да се наруши ако го испратиме детето на попладневна дремка.

Американската национална организација за следење на квалитетот на спиењето објави дека децата кои тукушто прооделе па до втората година треба да спијат од 10 до 13 часа на ден. Додека попладневниот сон се препорачува со години дури и по втората година, австралиското истражување покажало дека спиењето среде ден резултира во послаб квалитет на сонот во текот на ноќта.

Студијата е спроведена на помали деца постари од две години кои спиеле преку ден и кај кои е забележано пониско ниво на квалитет на ноќно спиење. Професорката Карен Торп од Технолошкиот универзитет во Квинсленд верува дека децата всушност спијат премногу ако спијат попладне откако уредно ја отспале и цела ноќ.

„Родителите не треба да претпоставуваат дека спиењето во текот на денот и во текот на ноќта е исто. Штом телото на детето биолошки нема потреба од дневен сон, принудувајќи го вие всушност го прекинувате циклусот на спиење во текот на ноќта”, изјавила Торп за Practical Parenting.

Меѓутоа, студијата се фокусирала на деца од раѓање до петгодишна возраст и ја проучувала поврзаноста помеѓу количината на сон и здравјето, на пример, прекумерната тежина и однесувањето на децата, па многу научници не се убедени во нејзината точност. Покрај тоа, постојат студии кои покажуваат дека на оваа возраст, повремениот попладневен сон обезбедува подобри когнитивни и психолошки резултати кај децата, објаснил д-р Ричард Фербер, директор на Центарот на педијатрискиот оддел за нарушување на спиењето во бостонската Детска болница.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]