Вежбањето веднаш по породувањето може да доведе до инконтиненција

Стручњаците ги предупредуваат новопечените мајки да не брзаат со вежбите во првите шест месеци по раѓањето за да се заштитат од инконтиненција и други проблеми.

0
108

Стручњаците велат дека жените очајнички сакаат да ја вратат фигурата што ја имале пред породувањето и затоа прерано почнуваат напорно да вежбаат и да така да ги оптоваруваат мускулите на абдоменот, карлицата и трупот.

„Многумина не сфаќаат какви последици можат да сносат децата ако не дозволат телото после породувањето да се опорави“, изјавила Ема Броквел, физијатар за женско здравје која специјализирала во областа на постнаталните вежби.

„Не поминува ниту една недела да не работам со барем една жена која се повредила заради вежбање со голем интензитет и пребрзо по бременоста и породувањето“, открила Броквел.

„Со трчањето ги преоптоварувате органите на карлицата, а тоа може да доведе до пролапс на вагината, мочниот меур или цревата, односно, до спуштање на органите, што ќе предизвика проблем со месеци, ако не и со години“, вели таа и предупредува дека ниедна жена не би смеела да вежба додека телото целосно не се опорави.

„Некои жени имаат потреба брзо да ослабнат затоа што виделе во списанијата дека тоа им успеало на познатите“, додава Броквел.

Клучниот проблем е во тоа што некои жени се чувствуваат добро и мислат дека  на подрачјето од карлицата, односно, на мускулите кои ги штитат органите“, предупредила таа. Секоја новопечена мајка мора да посети гинеколог шест недели поле породувањето заради контрола, а претходно не би смеела да го изложува телото на никаков напор.

[better-ads type='banner' banner='999' ]