Многу е важно родителите во Кина да му дадат име на своето дете кое ќе може да се изговара на англиски јазик.
На само 15-годишна возраст, британската тинејџерка Бо Џесап создала веб-страница што помага при една од најважните активности во животот на секој Кинез – да најде културолошки соодветно име на англиски јазик за своето новородено бебе.
Како сакате да звучи името на вашето дете и каков карактер да носи? Дали е паметно, елегантно или е упорно и креативно? Од 12-те понудени особини, може да се изберат пет и врз основа на тоа, софтверот ќе ви понуди три имиња по цена од 9,98 јуани (околу 70 денари).
Така однадвор изгледа начинот на кој функционира Special Name, веб-страница која заработи 60.000 американски долари во првите шест месеци и беше кума на 200.000 бебиња. Тоа беше пред пет години. Денес, таа бројка се приближува до прагот од милион имиња дадени на кинески девојчиња и момчиња.
Бо за CNBC раскажала како започна сè.
Патувала во Кина со нејзиниот татко и таму ја запознал Ванг, мајка која од неа побарала помош за именување на нејзината тригодишна ќерка. Во локалната култура, изборот на име се смета за судбоносна работа, па затоа се дава во согласност со очекувањата на родителите за тоа каков живот треба да водат нивните деца и какви луѓе треба да станат.
Сето тоа изгледа лесно со два до три знаци на кинеското писмо, но е прилично незгодно за меѓународна употреба. Затоа Бо помислила, ако на една мајка ѝ била потребна таква помош при избор на меѓународно име за детето, сигурно постојат родители со истиот проблем.
По враќањето во Велика Британија, позајмила 1.500 фунти (околу 100.000 денари) од нејзиниот татко, со цел да му плати на програмерот да ѝ ја изработи нејзината веб-страница. Таа била задолжена за создавање база на податоци со повеќе од 4.000 машки и женски имиња, на кои им припишувала по пет особини.
„Луѓето често ме прашуваат како имам време да им дадам имиња на сите овие бебиња? Исто како што пребарувачот на Гугл наоѓа сè одеднаш, имам алгоритам”.
Процесот е целосно автоматизиран и на секој родител му нуди три предлози за името. На месечно ниво, базата на податоци се ажурира, а мал тим луѓе во Кина се занимаваат со самиот технички дел.
Во моментов е во преговори за продажба на нејзината компанија, која покрај заработката со која ги плаќа студиите, ѝ донело и бројни искуства потребни за следните деловни потфати.
Фото: Pixabey