Британците воведуваат хормонска терапија за трудници со историја на спонтани абортуси

Хормонската терапија со прогестерон за трудници со претходна историја на спонтан абортус во раните фази на новата бременост би можел да спречи неколку илјади спонтани абортуси годишно во Велика Британија.

0
157
Фото: Freepik

Националниот институт за јавно здравје во Велика Британија (NICE) одобри употреба на хормонска терапија со прогестерон за трудници кои имале спонтан абортус во минатото или имаат проблеми со крварење во бременоста, пишува Daily Mail.

Илјадници спонтани абортуси годишно би можеле да бидат спречени

Овој пристап би можел да спречи неколку илјади спонтани абортуси годишно во Велика Британија, а оваа бројка експертите ја проценуваат на околу 8450.

Така, според новите упатства, жените со претходна историја на спонтан абортус во раните фази на новата бременост, како и оние кои имаат вагинално крварење, ќе примаат две дневни дози од 400 мг прогестерон.

Овој хормон со децении се користи како контрацепција, но и за ублажување на симптомите на менопауза, иако во различни дози. Прогестеронот е природен хормон што телото го произведува за време на бременоста, кога го поттикнува растот на слузницата на матката и му помага на телото на мајката да го прифати бебето кое расте.

Две студии

NICE ја даде својата нова препорака после две студии за употреба на прогестерон во бременоста, едната спроведена во Обединетото Кралство и Холандија, а другото спроведено само во Велика Британија.

Втората студија опфатила 4153 жени кои имале крварење во раната бременост и покажало зголемување на бројот на бебиња родени од жени кои претходно имале спонтан абортус за 5 проценти.

Предноста била уште поголема за жените кои претходно имале повеќекратни абортуси, а жените кои изгубиле три или повеќе бебиња имале 15 отсто повеќе живородени деца. Не се забележани никакви придобивки за жените кои никогаш не абортирале.

Страдањето од спонтан абортус може да биде емоционално погубно и за бремените жени и за нивните партнери, а оние кои поминуваат низ тоа искуство се охрабруваат да побараат поддршка и помош. Сите жени кои имаат крварење во раната бременост треба да се јават кај својот гинеколог и да побараат преглед или да се пријават на ургентно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]