Бременост: Што да правите ако сте настинати или грипосани?

Во текот на бременоста вашиот систем за имунитет се менува, затоа што е сѐ усмерено на заштита на бебенцето кое расте во вас. Затоа и кашлицата, грипот и настинките во текот на бременоста, за жал, се чести.

0
4535

Настинката и грипот не можат да му наштетат на вашето бебе, но за посериозни проблеми, кога температурата позначајно ќе порасне, мора да се јавите на лекар.

Проблемот со грипот и настинките во бременоста е тоа што малку лекови ви се дозволени. Постојат некои лекови на природна база, но можете да ги користите само ако тоа ви го одобри лекарот. За среќа, тука е старата добра народна медицина која секогаш можете да ја повикате напомош.

Настинка, облици и лекување

Обично се манифестира со кашлица, болно грло, затнат нос, блага грозница, па и главоболки. Основно е многу да се одмарате и да се хидрирате.

За затнат нос е најдобро парење со чај од жалфија или со неколку капки масло од еукалиптус во врела вода. Добро ќе ви дојде и ако престојувате барем 10 минути во купатило во кое сте ја пуштиле да тече врелата вода.

За болно грло и кашлица се препорачува топол напиток – лимон и мед помешани во топла вода. Дозволени се и некои пастили на растителна база, но мора да се консултирате со лекар. Грлото можете да го испирате и со посилен чај од жалфија. Не го пијте чајот туку само правете гаргара и исплакнете, бидејќи овој чај обично им го забрануваат на трудниците. Повторувајте ја постапката неколку дена. Некои жени тврдат дека им помогнале и облози од компири. Ставете неколку компири да се варат и згмечете ги, па намачкајте ги на вратот и завиткајте го со крпа или со шал.

Грлото можете да го испирате и со мешавина од морска сол и топла вода (1/4 лажичка на 2 дл топла вода).

Главоболка и грозницаво овој случај трудете се да го зајакнете организмот со лимон, чаеви, брусница, лук. По советувањето со лекарот можете да добиете и парацетамол и да го користите во дози пропишани за трудниците.

Грип

Грипот може да ме собори и инаку, а особено ако сте во ваква состојба. Настапуваат грозница, главоболка, студ, болки во мускулите, мачнина, слабост, губење на апетитот. Организмот и имунитетот зајакнете ги со здрави извори на витамини и минерали. Пијте многу течности и консултирајте се со лекар за натамошните чекори. Секако, клучно за оздравување е многу да се одморате. Ако не можете да јадете, сепак присилете се да јадете барем овошје, топли напитоци, супи, шолја млеко,…

Ако добиете температура, потрудете се да ја симнете на природен начин, но ако порсне над 38,5 C побарајте помош од докторот кој најверојатно ќе ви препише некои лекови.

Како да се заштитите?

Јадете здрави и балансирани оброци, многу овошје, зеленчук и производи од цели зрна. Пијте вода, чаеви и овошни сокови. Ограничете го внесувањето на кофеин, одмарајте се, и трудете се да избегнувате стрес.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]