Бебињата и малите деца сакаат да ставаат разни предмети во устата. Честопати е тоа безопасно, па дури и може да придонесе за изградба на имунолошкиот систем на детето, но не е се толку безопасно.
Медицинската сестра и мајка Ники Јуркуц на својата едукативна страница Tiny Hearts Education ги покажува шокантните последици што можат да настанат ако детето проголта батерија.
Малите батерии, кои се наоѓаат во многу играчки, лесно се голтаат и содржат литиум, сребро-цинк или манган. Љубопитните деца можат да мислат дека се слатки, а доколку се проголтаат, може да предизвикаат сериозни проблеми. Во овој случај, во многу земји вообичаено е да се консумираат 10 милилитри мед на секои 10 минути на пат кон болницата.
Затоа, Ники одлучила да спроведе експеримент и да го покаже потенцијалниот ефект од голтањето батерија доколку се консумира мед и доколку не се консумира.
Таа зела два колбаси и ставила по една батерија во секој од нив. Потоа врз едниот истурала мед, а врз другиот не.
Колбасот кој не бил полнет со мед поцрнел, а неговата внатрешност се карбонизирала, додека на другиот имало едвај видлива штета.
„Ако некогаш се посомневам дека моите деца проголтале батерија, сигурно ќе посегнам по мед“, вели Ники на крајот.
Едно лице ја потврдува нејзината теорија и пишува дека педијатарот и медицинската сестра потврдиле дека консумирањето мед значително ја намалува штетата.
Сепак, не постојат научни докази за поддршка на оваа теорија, па затоа се уште е препорачливо веднаш да повикате брза помош доколку се сомневате дека вашето дете проголтало батерија.
Според кампањата The Battery Controlled, кога батерија со големина на паричка заглавува во грлото на детето, плунката активира електрична енергија. Потрошувачката на батеријата може да предизвика хемиска реакција што може сериозно да го изгори хранопроводот.
Фото: Freepik