Болници со пет ѕвезди во Турција: Идните мајки се породуваат во џакузи

Во двокреветните соби за трудници, меѓу останатото, се наоѓаат колевка за бебето, фотели за гостите, џакузи, сопствено купатило и ВЦ, фрижидер и телевизија.

0
2428

Во турскиот град Самсун се наоѓа една во низата луксузни болници, кои г нарекуваат болници „со пет ѕвезди“, во кои на идните мајки им се даваат врвни услуги за да се чувствуваат што попријатно во текот на престојот во овие здравствени установи, јавува Anadolu Agency.

Болницата во Самсун е една од вкупно девет такви болници во Турција во јои во соработка со Министерството за здравство се спроведува пилот проект на давање врвни услуги во здравствените установи со цел зголемување на стапката на раѓање на деца по природен пат.

Во болниците идните мајки имаат можност да престојуваат сами во соба, породувањето се одвива во џакузи, а достапни им се и бројни други услуги, вклучувајќи ги и фризерските.

Во двокреветните соби за трудници, помеѓу другото, се наоѓаат колевка за бебето, фотели за гостите, џакузи, сопствено купатило и ВЦ, фрижидер и телевизија.

Сепак, една од специфичностите на оваа болница е тоа што идните мајки кои престојуваат во собите за породување можат да добијат и бесплатна фризерска услуга во било кое време.

Фризерката која работи во болницата освен за нега на косата, се грижи и за шминката на младите мајки за да им ја зголеми мотивацијата пред и после породувањето.

Еда Туре, заменичка на главниот лекар на Универзитетскиот клинички центар Самсун, изјавила дека одлучиле да почнат на идните мајки да им овозможуваат и фризерски услуги за да се чувствуваат во болницата многу попријатно и помотивирано.

„Во рамки на нашата болница имаме и одвоени соби за идните мајки во кои постојат услови  како во хотелите со пет ѕвезди. Овде идните мајки имаат можност да се породат во вода, односно, во џакузи. Освен тоа, им нудиме и фризерски услуги со оглед на тоа што оваа услуга не можат да ја добијат од надвор“, рекла Туре.

Хурие Ерилмаз, една од идните мајки, рекла дека прекрасно се чувствува во собата за породување во оваа болница.

„Многу сум задоволна со себе. Не знаев дека овозможуваат и фризерски услуги. Кога дознав за тоа, се одлучив за оваа болница. Овде ми направија и нега на косата и шминка. Баш беше убаво и забавно“, раскажала таа.

Туба Ортак, која деновиве се породила со девојче, добила фризерска услуга и кажала дека се чувствува прекрасно и задоволно.

Фризерката Нурхан Озкан изјавила дека и самата се чувствувала пресреќна кога ги гледала мајките среќни и задоволни.

„Кога ќе видам дека сум успеала да ги мотивирам, тогаш и јас се чувствувам пресреќна. Ова е работа која ја работам со љубов. Да се разубават овие мајки е исто како и да се разубави целиот свет“, рекла Озкан.

Фотографиите се земени од ТУКА.

[better-ads type='banner' banner='999' ]