Некои опстетричари ги предупредуваат идните мајки дека доколку побараат инјекции против болки, ќе пропуштат некои предности кои ги носи болката за време на породувањето.
Денис Велш, професор по опстетриција на Универзитетот во Нотингем, тврди дека болката при породувањето е генерално корисна затоа што ги регулира трудовите и психолошки ја поврзува мајката со бебето.
Иако тврди дека болката при породувањето е корисна и ја прогласува за своевиден обред за мајката и детето, професор Велш признава дека епидуралната аналгезија е нужна во некои случаи.
Бројот на мајки кои примаат епидурална анестезија при породувањето пораснал од 17 отсто во 1989. година на 33 отсто во 2007.година. Професорот објаснил дека тој тренд е загрижувачки, а идните мајки би требало да се свртат кон алтернативни решенија за болките при продувањето, како што се јога, хипниза, масажа и базени за породување.
Фото: Pixabey