Станува збор за заградена мини зоолошка градина кадешто ќе има мали безопасни животни и кадешто децата во присуство на вработен во зоолошката ќе можат да се запознаат со животните одблизу, да си играат и да се фотографираат со нив.
„Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните. Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоокултура која сега недостасува кај нас“- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.