Бесплатни советувања за идните мајки

Во првите 7 до 10 дена бебињата треба да се дојат до 12 пати во денот, треба да се носат на контроли еднаш неделно, да се избегнува употребата на влажните марамчиња,...Ова се дел од советите кои идните мајки можеа да ги слушнат на работилницата во Тетово

0
324

Во Тетово се оддржа работилница насловена како: „Со советување на трудниците и идните мајки до намалување на морбидитетот и морталитетот за мајки и новороденчиња“ . Советувањето го организираше др.Борислава М. Спировска, гинеколог – акушер во гинеколошката ординација „Меркур – Венера“.

Др. Спировска, истакна дека преку овие бесплатни советувалишта сака да им укаже на идните мајки дека улогата на матичниот гинеколог е клучна во алката од зачнување, бременост, па се до породување.

Таа посочи дека на советувањата идните и младите мајки ќе може да научат како да се справат со новата улога „мајка“ и како лесно да се приспособат на неа.

На нашите советувања на идните мајки им дадовме насоки кои се задолжителни контроли, што може, а што не може да прави една трудница, кои се можни симптоми за несакани ситуации, како да се хранат, кои витамини и минерали им се потребни за поддршка во бременоста, психички ќе ги подготвиме за моментот на породување, како и за првите денови од мајчинството, а присутните имаа можат и да слушнат како правилно да го дојат своето малечко, дали бебето напредува или можеби му е потребна помош или дохрана. Секако овде ќе може да научат и како мајките да им дадат соодветна хигиена на нивните малечки. Идејата на ова бесплатно советувалиште е да создаваме здрави мајки и деца, а со тоа и среќни семејства– истакна гинеколог- акушер Борислава М. Спироска.

Присутните имаа можност да слушнат и научат како правилно да ги хранат бебињата и децата, кој е правилниот баланс, колку е важно доењето за новороденчето, како мајките да немаат мака со правилни подои, а со тоа и да избегнат можни создавања на рагади на градите или маститис. Доктор Јорданка Маџоска, истакна дека многу е важно жените да направат сė за да се породат природно, со што ќе овоможат бебињата на природен начин да се подготвуваат на надворешната средина.

Во првите 7 до 10 дена бебињата треба да се дојат до 12 пати во денот, првите два дена треба да има барем две мокри пелени, ако има столица, и смирено бебе тогаш значи дека бебето има доволно храна и љубов. Првите денови на бебињата им се потребни 5 мл, млеко како одминуваат деновите така се зголемува потребата од млеко, а со тоа и подоите а расте и лактацијата во градите на мајките. Бебињата, преку цицање ви помагаат да се создава млеко во вашите гради. Многу е важно еднаш неделно бебето да се носи бебето на контроли за да може матичниот педијатар да види дали добро напредува– истакна Јорданка Маџоска – педијатар.

Мајките имаа можност да научат и колку е важно да се следи растот и развојот на новороденчињата со една цел, создавање на здрави и среќни идни генерации.

Претставничката на брендот „Мустела“, Бојана Јанеку, на младите мајки им даде совети како правилно да ги негуваат новороденчињата и малите деца. Посочи дека кожата е орган кој памети, затоа порача:

Многу е важно да се следи липидната состојба на кожата на бебето, каква е оваа состојба на бебешката кожа таква колекција и нега треба да му се пружи на детето. Мајките да бидат внимателни со бебињата кои имаат многу сува кожа. Таквата кожа дава знак и за имунолошки проблеми кои со педијатарот треба да ги испитате. Атопискиот дерматит бара и соодветен третман. Избегнувајте ги влажните марамчиња, затоа што бебешката кожа е многу нежна, бебињата мијте ги со вода, а интимната регија заштите ја од иритации со соодветните креми за бебиња кои ги нуди „Мустела“ – порача мр. Бојана Јанеку, фармацевт.

Оваа советување беше поддржано од „Мустела“

[better-ads type='banner' banner='999' ]