Викендов во Скопје се одржа работилница за #varmamarma масажа за деца со посебни потреби.
Работилницата ја водеше најдобриот европски специјалист Томислав Болфек и беше наметната за сите дечиња со аутизам и други посебни потреби и за нивните родители.
Влезот за работилницата беше бесплатен.
Вармалогија е индијска медицинска наука развиена во Тамил.
Зборот “varmam” означува проток на енергија во телото, исто така познат како животна енергија.
Точките кадешто оваа енергија престојува во телото се идентификуваат како точки на varmam.
Основната цел на varmam системот на медицината е да ги стимулира овие точки. Истражувањето и практикувањето на уметноста на вармалогијата успеала да помогне на повеќе од 108 болести, вклучувајќи артритис, хронична ренална инсуфициенција, парализа на лицето, парализирање, дијабетес, астма…
Исто така, масажата со вармологија помага во третманот на аутизмот.
Моќта на вармалогијата е таква што една varmam точка може да се користи за лекување на околу 42 болести.
Varmam е суптилна енергија која помага во правилното функционирање на животната сила во телото.
Од 1990 година, оваа медицинска наука е проучувана и практикувана во согласност со начелата на системот Gurukula.
Од 2003 година, методологијата за вармам масажа е зголемувана во согласност со препораките на експертите од различни области на медицината.