Бебињата ги „читаат“ нашите намери уште од вториот месец

Истражувачите набљудувале 28 бебиња на возраст од два до четири месеци и сфатиле дека секое од нив знае кога нивната мајка има намера да ги крене, и се подготвуваат за тој потег.

0
247

Децата многу рано почнуваат да ги сфаќаат нашите движења и намери, и многу брзо им се прилагодуваат. Истражувачите набљудувале 28 бебиња на возраст од два до четири месеци и сфатиле дека секое од нив знае кога нивната мајка има намера да ги крене, и се подготвуваат за тој потег.

Во моментот кога ќе ја видат мајката како им приоѓа со раширени раце, бебињата се закочуваат и се подготвуваат да бидат кренати. Тие ја прилагодуваат својата координација зада им олеснат на родителите да ги носат.

Навистина не очекувавме вака јасни резултати, но со оглед на нашите резултати од истражувањето, веројатно е дека оваа свест кај бебињата се развива дури и недолго по раѓањето“, рекол водачот на истражувањето Васју Реди.

Сепак, научнците нагасиле дека експериментите во кои децата се набљудувачи на туѓите активности не можат да дадат целосна слика за способноста за предвидување на намерите.
Воедно, овие резултати можат да се користат и како показател на рани проблеми во развојот, што го вклучува и аутизмот.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]