Денес има секакви видови на контрацептивни средства, но тие не се секогаш непропустливи, а сведок за ова е 34-годишната мајка од Виетнам која пред две години поставила интраутерина направа, позната и како IUD или спирала, за да го спречи забременувањето.
Постојат два типа на спирала: Бакар ИУВ без хормони, завиткана во бакар кој штити
од несакана бременост и хормонална ИУВ која го содржи хормонот прогестин и
исто така штити од бременост. Барем така би требало да биде.
Но не и во случајот на оваа жена која го родила нејзиното трето дете во меѓународната болница „Хаи Фонг“. Бебето се родило здраво, а со себе ја донело и спиралата на мајка си. На фотографиите се гледа како малото ја држи спиралата цврсто во рака, како да е сувенир од времето поминато во матката на неговата мајка.
Докторот Тран Виет Фуонг изјавил дека бебето се родило држејќи спирала во раката, а целата работа му се чинела многу интересна, па решил да го фотографира овој необичен настан. Фотографиите ги споделил на социјалните медиуми на болницата и брзо привлекле големо внимание.
Фуонг се сомнева дека ИУВ можеби се преместила од првобитната позиција додека била во матката, па станала неефикасна и овозможила мајката да забремени.
Кога е поставена правилно, спиралата е 99% ефикасен метод на контрацепција и може да трае од 5 до 10 години.
Текстот и фотографијата се од ТУКА.