Бебето родено со 311 грама го прослави својот прв роденден (ВИДЕО)

Најрано роденото бебе досега со тежина помала од еден килограм ги победи црните прогнози и го прослави својот прв роденден.

0
174

Кога Ричард Скот Вилијам Хачинсон се роди пет месеци предвреме, тој влезе во Гинисовата книга на рекорди како најрано родено бебе досега. Меѓутоа, лекарите ги подготвиле неговите родители за најлошото. Момчето добило 0% шанса за преживување.

Ричард е роден 131 дена пред терминот за породување во детска болница во Минесота, откако неговата мајка претрпела компликации што предизвикале контракции. Тој бил толку мал што можело да го собере на дланката на неговите родители. Тежел 311 грама.

„Нашиот тим за неонатологија сметаше дека нема шанси да преживее. Знаевме дека неговите први недели од животот ќе бидат исклучително тешки, но чувствував дека ако успее да ги помине, ќе преживее“, рекла д-р Стејси Керн.

Поради пандемијата на коронавирусот, родителите на Ричард не можеле да спијат со него во болницата, а другите членови на семејството не можеле да го посетат.

„Сакавме да бидеме таму за да го поддржуваме, па секој ден патувавме во болница“, рекол таткото на момчето, Рик.

Во декември 2020 година, по шест месеци поминати во болница, момчето било отпуштено од болницата.

„Тој ден беше многу посебен. Се сеќавам дека го извадив од креветчето и го држев во моите раце, а моите очи беа полни со солзи”, додава таткото.

Не можел да поверува дека се работи за истото мало момче кое немало никакви шанси да преживее.

„Сето ова за нас е сè уште нереално, но ние сме среќни и ја споделуваме неговата приказна за да ја зголемиме свеста на луѓето за предвремено родените бебиња“, истакнува мајката на Ричард, Бет.

Фото: YouTube screenshot, GoFundMe

[better-ads type='banner' banner='999' ]