Важно е да се води сметка облеката на бебето да биде прилагодена на времето затоа што бебињата не можат да ја задржуваат температурата како возрасните, но никако не треба премногу да го затоплувате.
Кожа
Кожата кај бебето е склона на пукање и сушење во зимските месеци, такашто се препорачува редовно мачкање со хидратантни креми прилагодени на возраста на бебето.
Врат
Ставете ги прстите под вратот на бебето и доколку е топол и влажен, значи дека на бебето му е премногу топло. Во спротивно, ако е ладен, потребно е дополнително да се затопли.
Раце
Некои од предупредувачките знаци дека на бебето му е ладно се ладни или црвени раце, вклучувајќи треперење, бледи или црвени стапала и модри усни.
Слоеви
Според советите на стручњаците, на бебето му е потребно да облече еден слој повеќе отколку што облекувате вие. Многу родители често прават грешка затоа што премногу го облекуваат детето, многу повеќе отколку што се облекувате себеси.
Изолација
Савањето дополнително ќебе врз седиштето во автомобилот не е лоа идеја, сѐ додека не го загрозува протокот на воздух. Исто така, се препорачува изолација на количката, за да се намали протокот на студ до бебето. Тоа можете да го направите такашто под бебето ќе ставите парче стиропор.