Честер Грејвс и неговиот брат Отис се родени во 28 -та недела од бременоста, на 15 јули оваа година. Честер имал помалку од половина килограм, додека Отис бил три пати поголем и тежел 1559 грама. По шест недели, Отис бил отпуштен од болница и сега тежи 2.806 грама, додека Честер се бори за живот од раѓање и дотуркал до 1.530 грама.
Родителите на овие неверојатни близнаци Кели и Били Грејвс велат дека не се сомневаат дека борбата на Честер за опстанок е резултат од врската што ја дели со неговиот идентичен близнак.
„Гушкањето му помогна да продолжи да се бори“, вели мајката Кели.
Нивната прва средба се одржа на 22 септември. Отис спиеше, а Честер не можеше да го тргне погледот од својот брат, кој лежеше до него. Оваа сцена беше снимена и со камера и се случи во одделот за новороденчиња во болницата Саутенд, каде што Честер најверојатно ќе помине уште два месеци.
„Се уште е во инкубатор и прима кислород. Едвај чекаме да дојде дома, се надеваме дека тоа ќе биде во ноември”, додала Кели за британските медиуми.
Таа дознала дека Честер е помал од неговиот брат на ултразвук во 16 -та недела од бременоста. Разликата во големината на двајцата браќа се должи на состојбата наречена селективно ограничување на интраутериниот раст, заради што Честер не ги добил потребните хранливи материи од плацентата, со што се запрел неговиот раст. Така, во 19 -та недела од бременоста, таа била примена во болницата Kings College во Лондон.
„Бев подложена на ендоскопска ласерска операција за да ги разделат бебињата во матката. Ова беше направено така што, доколку Честер не преживее, Отис да биде заштитен од смрт или трајно оштетување на мозокот”, објаснува таа.
По операцијата, Честер добивале просечно 25 грама неделно, а Отис 100. На Кели ѝ пукнал водењакот во 28 -та недела од бременоста. Таа направила царски рез.
„Прво се роди Отис и го сместија во инкубатор. Потоа пристигна Честер. Имаше воспаление на ткивото во цревата и дупка во срцето, која за среќа се затвори. Исто така, мораше да направи и операција на окото”.
Двојката има и три постари деца – Фиби (10), Фиренца (8) и Алберта (5).
„Тие се уште немале можност да се сретнат со Честер заради ограничувањата поврзани со коронавирусот, но едвај чекаат да си дојде дома. Отис е со нас, но чувството е горчливо-слатко, бидејќи не можеме да уживаме додека двете бебиња не се со нас“, вели мајката.
Фото: Инстаграм