Секој работен ден, Морин Фрид и нејзиниот сопруг во попладневните часови ги собираат тројцата внуци од три различни училишта, ги возат до куќата на нивната ќерка, пишуваат домашни задачи со нив и им даваат ужина.
„Со кого ќе ги остави“, прашува 75-годишната жена која три дена во неделата работи во локалната дрогерија и жонглира со работата, сопствените обврски и грижата за трите внучиња.
„Ние се грижиме за нив секој ден. Не се жалам затоа што тие се наши внуци. Освен тоа, грижата за децата е скапа и слушаме ужасни приказни. Најдобро е за повеќето луѓе кога можат да се потпрат на семејството“, вели оваа баба за Њујорк Пост.
Последните години бабите и дедовците имаат многу обврски. Но, додека едни водат грижа за сè, други одбиваат да го прават тоа, иако истражувањата покажуваат дека оние што го прават тоа живеат подолго.
„Од првиот ден, им реков дека нема да ги чувам децата. Кога децата дојдоа кај мене, им дадов 20 долари и им реков да си најдат дадилка “, вели баба Бети, која сепак потклекнала кога двојката морала да оди на свадба кај пријатели.
Оваа 65-годишна жена тврди дека тоа не значи дека таа не ги сака своите деца или внуци.
„Мислам дека на бабите и дедовците тоа не треба да им биде обврска. Во ред е да ги причуваат внуците кога тоа го сакаат и го можат“, предупредува таа.
Експертите велат дека времињата се смениле и дека родителите се под притисок, а под притисок се и бабите и дедовците.
До пред неколку генерации, беше поверојатно дека жената ќе биде дома со своето бебе. Денес, речиси секоја мајка работи и сите се зафатени. Бабите и дедовците исто така работат сѐ подолго и се доста зафатени “, објаснува експертката за родители Сали Танен.
Нејзиниот совет е двете страни да бидат искрени. Од друга страна, некои новопечени мајки сметаат дека ова не би требало да биде предмет на дискусија.
„Моите свекор и свекрва живеат десет минути со автомобил од нашиот дом и никогаш не ми помогнале ниту пет минути“, раскажала Џесика, вработена мајка на деца од 18 и 4 месеци.
Таа објаснува дека свекрвата ѝ рекла дека не требало да раѓа деца со толку мала разлика во возраста.
„Што да правам? Да го убијам едното?“, се прашува таа.
Нејзините родители живеат на другата страна на Америка, но за среќа ѝ помага 25-годишниот брат.
„Чудно е што тој прави повеќе од бабите и дедовците. Би била пресреќна барем еднаш неделно да ме прашаат дали има нешто што можат да направат за да помогнат. Никогаш не го направиле тоа“, се пожалила таа.
Постојат и баби и дедовци кои се среќни кога можат да помогнат.
„Благослов е да се имаат внуци, но јас не се пензионирав за да бидам дадилка. Решив да им помогнам на моите деца, но не и да ги одгледувам внуците. Веќе израснав две прекрасни деца“, објаснува 69-годишната Шерон Котчек, која има пет внуци и се сеќава на ситуацијата што ја доживеала минатото лето.
„Во паркот, видов еден постар човек, кој не знаеше како да се справи со својата внука. Ме праша што да правам кога ќерка му мора да работи. Јас одговорив: „Каде пишува дека треба да го запрете својот живот и да ја одгледувате внуката?“, прераскажала таа.
Шира Дикер, пак, не може да дочека за да помине време со нејзиниот петмесечен внук. Сепак, вели дека е во ред да се одбие чувањето внуци.
„Ние го направивме своето, ги одгледавме нашите деца. Нормално е родителите да се надеваат, но не и да очекуваат бабите и дедовците да бидат дел од животот на нивното дете“, заклучи таа.
Што мислите вие за ова?
Фото: Pexels