Бабата што без дозвола објави слики од внуците на ФБ, мора да ги избрише

Ако бабата не ги отстрани фотографиите од своите внуци од својот профил на Фејсбук, ќе плаќа по 50 евра на ден, одлучил холандскиот суд по тужбата од ќерката на осудената. Дали вие го одобрувате ставањето на слики од деца на социјалните мрежи?

0
425

Жената која објави фотографии од своите внуци на Фејсбук и Пинтерест без дозвола од родителите на децата, мора да ги избрише, одлучи судот во Холандија.
Случајот заврши на суд после судирот на жената и нејзината ќерка.
Судијата одлучи дека предметот е во доменот на Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR).
Еден експерт вели дека пресудата го одразува „ставот што Европскиот суд го зазема со години“.
Случајот беше на суд откако жената одби да ги избрише фотографиите на нејзините внуци што ги објави на социјалните мрежи.
Мајката на децата – инаку, ќерка на осудената – неколку пати побарала да ги избрише фотографиите.
GDPR не се однесува на ‘чисто лична’ или ‘домашна’ обработка на податоците.

Меѓутоа, исклучокот не важи во овој случај затоа што фотографиите објавени на социјалните мрежи станаа достапни за пошироката публика, одлучил судот.
„Не може да се исклучи можноста дека фотографиите објавени на Фејсбук ќе бидат дистрибуирани и на тој начин ќе завршат во рацете на трето лице“, се вели во пресудата.

Жената мора да ги избрише фотографиите од нејзинио профил на Фејсбук или ќе плати казна во износ од 50 евра за секој ден додека не постапи според пресудата, до максимална сума од 1.000 евра.
Ако продолжи да објавува слики од децата во иднина, ќе мора да плаќа дополнителни 50 евра на ден.
„Мислам дека пресудата ќе изненади многумина кои веројатно не размислуваат премногу пред да твитнат нешто или пред да објават фотографии“,вели Нил Браун, адвокат за облста на технологијата.
Тој додава дека, без оглед на оваа судска одлука, „било разумно оние што ги објавиле фотографиите да мислат дека некој друг повеќе не сака да бидат достапни“.
„Всушност, тоа е разумно – човечки е да ги избрише“, рекол Браун.

Извор: CNN

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]