Ајде кажи Брррррррррранка….

Блаааааанка.... Дали вашето дете има ротацизам? Ротацизам? Да, проблем со изговор на буквата Р....Еве што треба да знаете за ротацизмот

0
740

Ротацизмот всушност претставува пореметување во изговорот на гласот Р. Знаеме дека голем дел од децата се соочуват со проблем кога станува збор за изговарањето токму на овој глас.

Гласот Р во однос на другите гласови бара добра подвижност на јазикот и координирани движења на јазичните мускули. Исто така, потребна е и добра физиолошка зрелост кај детето и токму заради тоа овој глас се создава подоцна, односно на 4-5 годишна возраст.

Пореметувањето на гласот Р може да се јави како:

– Омисија, кога гласот Р се испушта

– Супституција, замена на гласот Р со друг глас

– Дисторзија, неправилна артикулација на гласот Р

Најчести причини кои доведуваат до пореметување во изговорот на гласот Р се:

Органски (краток јазик, краток френулум, расцеп на непце или невролошки проблеми) и физиолошки (задоцнет говорно-јазичен развој).

Неправилниот изговор на гласот Р се толерира до 5 години, а потоа треба да се побара задолжителна логопедска помош.

Навременото отпочнување со логопедски третмани за корекција на гласот Р доведува до полесен и пократкотраен третман.

Клинички логопед-специјалист, Благица Маркоска, Интеракција плус, Скопје

Фото: Pexels

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]