Аутистичен тинејџер забележал проблем на автомобилот на сосетката и ѝ оставил  порака

14-годишник со аутизам ја изненадил својата сосетка со порака, нова раткапна и упатство за поставување.

0
364

Тинејџерот Метју Чексфилд со својот гест освоил многумина. Имено, овој 14-годишник со аутизам ја изненадил својата сосетка со порака, нова раткапна и упатство за поставување.

„Голема благодарност до Метју, продолжи да го правиш она што го правиш“, напишал на Редит човекот кој ја објавил фотографијата од пораката што ѝ била оставена на неговата мајка.

Пораката гласи: „Здраво! Јас се викам Метју, имам 14 години и сакам сè што е поврзано со автомобили, особено тркала и раткапни. Имам и аутизам, што ми овозможува да забележувам и да се сеќавам на деталите и лесно да ја забележам разликата помеѓу раткапните и соодветните модели на автомобили. Имам колекција раткапни што ги наоѓам во грмушките, на паркинзите итн.“, напишал тинејџерот, откривајќи дека потоа ги мие, ги чисти и проверува дали се исправни.

„Ги чувам во мојата колекција, но сепак претпочитам да им ги давам на луѓето на кои им недостасуваат“, продолжува тој.

Метју забележал дека на неговата сосетка ѝ недостасува раткапна што за среќа ја има во неговата колекција.

„Моите родители ми помогнаа да ви ја оставам, ако решите да ја ставите на вашиот автомобил. Се надевам дека ќе ви се допадне”, заклучил тој, а неговите родители додале дека не станува збор за измама и дека тие ги спакувале деловите носејќи притоа маска и ракавици поради пандемијата.
Овој гест ги воодушевил луѓето кои го пофалија потегот на тинејџерот.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]