Аутизмот е развојно нарушување кое, меѓудругото, се препознава од начинот на кој индивидуата се однесува кон неговата околина и од неговите интеракции со другите луѓе. Често се вели дека аутизмот е нарушување во комуникацијата. Луѓето со аутизам имаат многу проблеми, но се чини дека главниот проблем со нив е неможноста да воспостават здрави односи со другите луѓе и нивната околина. Но, во суштина, ова не е единствениот проблем.
Ова нарушување вклучува голем број тешкотии низ кои минуваат луѓето со аутизам, па затоа е класифицирано во „болести од аутистичен спектар“. Аутизмот не е подеднакво изразен кај сите пациенти, но речиси секоја личност со аутизам е приказна за себе. Некои од нив може да живеат релативно нормален живот, додека други може да имаат изразена тешкотија да се вклопат во околината, тешкотии во говорот, учењето и да бараат постојана стручна помош и поддршка.
Главните карактеристики на лицата со аутизам се слаби или целосно неразвиени говорни вештини, ограничена социјална комуникација и интеракција, повторливи активности и еднострани интереси. Причините за аутизмот сè уште се испитуваат и засега не можат да бидат ставени во образец.
И покрај тоа што звучи безнадежно, професионалната помош што му е дадена на секое дете со аутизам навремено, е од големо значење. Со многу труд и работа, голем број на деца со аутизам ќе покажат значителен напредок во нивниот развој. Исто така, постојат тврдења дека исхраната игра важна улога во аутизмот. Тоа е причината зошто сѐ се користи специјална исхрана со цел да се ублажат симптомите на оваа болест, па затоа токму ова е метод кон кој денес прибегнуваат многу луѓе. Без оглед на тоа што научното истражување не е конечно во однос на најсоодветниот вид на исхрана, издвоен е одреден вид храна што има најголемо влијание врз однесувањето на лицата со аутизам.
Што е тоа што луѓето со аутизам не би требало да го јадат?
Досега е забележано дека избегнувањето на одредена храна може да доведе до ублажување на некои симптоми на аутизам.
Повеќето зборуваат за т.н. „GFCF“ диета (gluten-free casein-free) или исхрана без глутен и без казеин. Овој вид исхрана се состои во елиминирање на пченицата и млечните производи.
Наспроти популарното верување, пченицата не е единствената житарка што содржи глутен. Глутен е протеин присутен во ‘ржта, јачменот и пченицата. Исто така, се препорачува да се избегнуваат просо и овес, бидејќи тие се произведуваат во непосредна близина на житарките со глутен и можат да бидат загадени. Бидејќи житарките со глутен содржат вредни витамини и растителни влакна, исхраната без глутен мора да бара внимателно следена од нутриционисти и лекари.
Сите млечни производи содржат протеин казеин, вклучувајќи ги сирењето и јогуртот од кравјо, козјо и мајчино млеко. Отстранувањето на казеинот од исхраната, исто така, треба да се спроведува со внимание, бидејќи може да предизвика недостаток на вредни хранливи материи, како што се калциум, витамин Д, итн.
Исхраната кај аутизмот треба да ги исклучи и сојата и производите од соја, бидејќи сојата сега е генетски модифицирана и е чест алерген.
Шеќерот и слатките што го содржат, исто така, не треба да ги јадат лицата со аутизам. Една научна студија заклучила дека колку е помала консумацијата на шеќер кај аутистичните лица, толку помалку се симптомите.
Што треба да јадат луѓето со аутизам?
Тука најмногу се зборува за тоа дека треба да се најде соодветна замена за непожелните намирници.
Замена за млеко: Повеќето деца пијат млеко, но кравјо млеко во која било форма не е дозволено со овој вид исхрана. Од таа причина, треба да пронајдете замена за млеко. Постојат многу варијанти на алтернативни извори на млеко: оризово млеко, бадемово млеко, млеко од коноп.
Леб без глутен: Лебот што го користиме секој ден во нашата исхрана содржи протеин глутен, кој доаѓа од пченичното брашно. Треба да пронајдете леб без глутен. Овој вид леб може да се направи од брашно од ориз или брашно од тапиока.
Замена за сирење: Многу деца сакаат да јадат сирење. Алтернативните производи се главно врз база на соја- и имаат сличен вкус и текстура како кравјото сирење. Проверете дали производот содржи протеин од кравјо млеко, казеин, кој е забранет во оваа исхрана.
Свежото овошје и зеленчук обично се безбеден избор, бидејќи не содржат ниту глутен, ниту казеин. Замрзнатиот зеленчук може да биде исто така добар избор, се додека тие не се спакувани во сосови или не им се додадени ароми, особено со вкус на путер.
За месото што е минимално обработено и не е зачинето обично се смета дека е без глутен. Спакуваното или замрзнатото месо може да содржи зачини кои не се без глутен, па затоа е важно секогаш да го проверувате списокот на состојки пред да го купите! Исто така, внимавајте на похуваното месо, бидејќи овие производи содржат глутен.
Фото: Pixabey