Малиот Лука Јовановски веќе година и половина се лекува во Истанбул, Турција, борејќи се против ретката болест што ги напаѓа очите Retinoblastom или тумор на очи. Семејството бара помош за да може да продолжи лекувањето на Лука, кое чини 50.400 долари и апелира за помош.
„Борбата мора да продолжи за да се спаси неговото лево око, надежно вклучувајќи го и видот на истото, како и за да се држи под контрола текот на болеста и здравствената состојба на нашиот херој. Тој има примено 3 хемотерапии, 5 ладни ласери и една операција. По втората хемотерапија го изгуби видот, а по едногодишна борба го загуби и десното око, кое мораше да биде отстрането со цел да се спречи ширење на болеста на другите органи. Ве молиме доколку сте во можност да ни помогнете со парични средства за да го продолжиме лекувањето“, вели семејството на Лука.
За донации е отворена жиро-сметка со број 380176980603113, Прокредит банка, Игор Јовановски.
Може да се донира и на донациските броеви на ВИП – 143 479 и на Телеком 070 143 106
Во акцијата се вклучи и здружението Гастромак со настанот кој на 15 февруари ќе се случува во ресторанот Камин Кама. Станува збор за дегустација во три дела, што ќе ја подготвуваат познатите готвачи на Гастромак.
Влезницата е 800 денари, а паричните средства што ќе се овозможат ќе бидат наменети за лекувањето на Лука.
Фото: Pixabey