Зарем не би било подобро кога би ја кренале Земјата во воздух, па да завршиме веќе еднаш со тоа?
Томас (29) живее на истокот на Англија и иако неговата идеја за кревање на светот во воздух е само мисловен експеримент, тој е сигурен во едно – луѓето не треба да имаат бебиња и нашиот вид треба постепено да изумре.
Тоа е филозофијата по име анти-натализам. И додека идејата датира уште од стара Грција, неодамна добила огромен нов поттик на социјалните мрежи.
На Фејсбук и Редит постојат десетици анти-наталистички групи, некои со илјадници членови. На Редит и r/antinatalism има речиси 35.000 членови додека само една од десетина Фејсбук групи со антинаталистичка тема има повеќе од 6.000.
Тие се распрскани ширум светот и имаат разновидни причини за своите уверувања. Меѓу нив се и грижата за генетското наследство, избегнување на страдањето на децата, концептот на доброволна согласност и загриженоста поради пренаселеноста и животната средина.
Но тие се обединети во желбата да го запрат човековото размножување.
Иако не е анти наталист, војводата од Сасекс неодамна изјавил дека тој и неговата сопруга планираат да имаат најмногу две деца, поради грижата за животната средина.
Филозофско муабети
Томас не слушнал за анти-натализам сè додека пред неколку години не го употребил тој термин за да ги опише своите ставови во коментарите на Јутјуб. Од тогаш станал активен член на една анти-наталистичка група на Фејсбук. Таа му овозможува интелекуална стимулација и место кадешто може да ги тестира сопствените дебатни способности.
Неговата страст кон анти-натализмот не е само теоретска. Томас смета дека целиот човечки живот е бесмислен и се обидел, но не успеал, да направи васектомија преку британската Национална здравствена служба (NHS).
Лекарите од NHS можат да одбијат да изведат операција на стерилизација ако веруваат дека таков зафат не е во најдобар интерес на пациентот.
Ненасилство и согласност
Наспроти одреден степен на нихилистичка реторика во анти-наталистичките групи не постои навестување дека тие претставуваат насилна закана. Кога зборуваат за изумирање, често стекнувате впечаток дека е тоа навистина вежба за дебатирање. Никој од нивните онлајн заедници не се заканува со убиство ниу со насилство.
Идејата на Томас за кревање на Земјата во воздух (тој замислува големо црвено копче кое ќе стави крај на целиот живот на Земјата и вели дека би го притиснал без размислување) е всушност крајно контроверзна поради анти-наталистичкиот принцип: согласност.
Едноставно кажано, тоа е идејата дека за создавањето и за одземањето на живот е потребна согласност од личност која ќе се роди или ќе умре.
Кирк живее во Сан Антонио, во Тексас. Тој тврди дека се сеќава на разговор кој го водел со мајка си кога имал само 4 години. Таа му рекла дека имањето деца е прашање на избор.
„За мене тоа нема никаков смисол, доброволно на овој свет да се донесе некој кој за тоа пред зачнувањето немал потреба ниту желба тука да страда и да умре“, вели тој.
Кирк вели дека уште како многу мал станал анти-наталист. Тој се спротивставува на создавањето на човечки живот затоа што никој од нас не е прашан дали сака да биде овде.
„Кога секоја личност би дала согласност за играње на играта на животот, тогаш лично не би имал ништо против“, заклучува тој. Зависи од согласноста или отсуството на истата“.
Тој концепт функционира и обратно. Проблемот со тој голем црвен бришач на човештвото е што огромен број луѓе всушност уживаат во животот – и не би се согласиле тој да се заврши.
Наместо тоа, Кирк и повеќето анти-наталисти сакаат луѓето доброволно да се согласат на тоa повеќе да не раѓаат деца.
Проблеми со менталното здравје
Постои уште една препознатлива тема заедничка за сите анти-наталистички групи. Учесниците често ги делат искуствата со своето ментално здравје и повремено ги осудуваат оние со ментални проблеми кои имаат деца.
Во еден пост се наоѓа скриншот пост од некој друг корисник кој гласел: „Имам гранично пореметување на личноста, заедно со биполарност и општа анксиозност“. Анти-наталистот го додал својот коментар: „Оваа личност има две деца. Жал ми е за ие деца“.
Томас вели дека нивната заедница е често погрешно етикетирана и дека луѓето почнуваат да ги сметаат за психопати. „Вистината е многу посложена“, вели тој.
Спасување на Земјата?
Аргументите на анти-наталистите последните години многу ги подгрева сè поголемото внимание кое ѝ се посветува на животната средина и потенцијално трагичните последици од климатските промени.
Судејќи по постовите во анти-наталистичките групи , очигледно постои големо преклопување помеѓу нивние идеи и активистите за зачувување на животната средина.
„Сметам дека е себично да се имаат деца во овој момент“, додава Ненси, веганка, борбец за правата на животните и животот без пластика, како и инструкторка по јога од Филипините.
„Реалност е дека децата кои се раѓаат на овој свет придонесуваат за дополнително уништување на животната средина“.
Во Фејсбук групата наречена „многу бесни анти-наталисти“, се споделува петиција за која се надеваат дека на крајот ќе стаса до Обединетите нации. Нејзиниот наслов е „Пренаселеноста како корен на климатската катастрофа – стоп за раѓањето секаде на светот“. Досега собрале 27.000 потписи.
Идејата за воздржување од правење деца за да има од тоа корист животната средина не е нова.
Во Велика Британија добротворната организација Популацијата е важна го предлага ова со години – иако не се анти-наталисти. Напротив, тие се залагаа за одржување на човечката раса наместо за нејзино изумирање.
„Нашата цел е да постигнеме хармонија помеѓу човечката раса и планетатата која имаме за цел да ја населуваме“, вели Робин Мејнард, директор на оваа група. Доколлку имаме помалку деца ширум планетата и помали семејства, ќе успееме да постигнеме одржлива популација.
Мајки кои ќе се породат во погрешно време
Но дали сè поголемата населеност мора нужно да доведе до еколошка катастрофа? Според Стефани Хагери, дописничка на БбиБиСи за глобална популација, е тешко да се каже, заоа шо е тешко да се предвиди иднината.
„Според научните проекции, поради економскиот развој и опаѓањето на стапката на плодност, голема е веројатноста дека светската популација ќе достигне врв со 11 милијарди луѓе за 80 години“, вели таа. „Дали планетата може да го издржи тоа или не – ние тоа не го знаеме“.
Исто така, многу е тешко да се предвиди колку луѓе може да издржи планетата затоа што суштината е во потрошувачката. А тоа значи сè, воздух, вода, храна, фосилни горива, дрво, пластика – на листата нема крај“, вели таа.
„Очигледно некои од нас трошат многу повеќе од некои други. Семејство од 12 членови во земја како Бурунди ќе потроши во просек помалку од некое тричлено семејство во Тексас“.
Навреди и критики
Меѓу жолчните филозофски и етички расправи кои се водат во анти-наталистичките групи, забележлив е еден помрачен и помалку конструктивен тон. Некои рутински ги навредуваат родителите нарекувајќи ги „расплодувачи“. Други клетви се усмерени кон децата.
„Кога ќе видам трудница, првото чувство ми е гадење“, напишал еден корисник покрај сликата на која пишува: „Мразам труднички стомаци“.
Но тоа не значи дека сите анти-наталисти ги мразат децата.
„Би кажала дека лично многу ги сакам децата и токму затоа не сакам да страдаат“, рекла Ненси.
Без деца заради доброто на животната средина
Но тоа не е единствена критика. Во некои анти-наталистички групи, корисниците алудираат на идејата дека бебиња не би смееле да се раѓаат во воените зони, доколку постои голема шанса дека ќе се родатт со инвалидитет или дури од родители со ниски приходи. Повремено реториката звучи како селективно размножување – или еугеника.
Анти-наталистите имаат спротивни мислење за тие идеи.
„Какви се нивните мотиви да имаат деца?“, ввели Томас запрашан дали раззмислувал за деца родени во воени подрачја. „Во такви земји е помала надежта дека работите ќе тргнат кон подобро“.
Помалку го загрижуваат децата родени во домаќинства со ниски приходи.
„Очигледно сум против имање деца воопшто…но мислам дека можете да бидете среќни и во сиромашно опкружување“.
„Мојот анти-натализам важи за сите“, вели Ненси. Таа е против еугеника. „Зошто би морале да бираме само некои групи, само затоа што се во полоша положба?“
Дали тогаш постои некоја општа анти-наталистичка животна филозофија?
„Дајте сè од себе“, вели Кирк. Бидете добри кон другите – и не се размножувајте“.
Фото: Pixabey