Сузан живее во Шкотска. Таа е мајка на три деца која доби многу негативни коментари и пораки откако на ТикТок откри дека парите од алиментација ги користи за да оди на козметичар.
„Кога тој не сака да плати алиментација на време, а вие ќе им го дадете неговиот број од осигурувањето, па тој ќе плаќа и за вашата депилација“, вели Сузан Скот во видеото.
Иако подоцна изјавила дека целото видео е шега, веднаш предизвикала гнев кај луѓе од целиот свет кои почнаа да ја критикуваат.
„Најголемата причина зошто многумина не плаќаат е што многу жени размислуваат вака и гледаат на парите за детето како на џепарлак за себе“, напишал еден од коментаторите на видеото, а на нејзина сметка паднале навреди и многу грди зборови, па тоа отишло толку далеку што рекле и дека „некои луѓе не заслужуваат да имаат деца“.
Сузан во коментарите напишала дека никогаш не добила алиментација и дека се уште е во среќна врска со таткото на своите три синови и додала дека самата работи како козметичарка, така што нема потреба да оди во други салони и да плаќа за нивните услуги. И покрај тоа, тензиите не се смирија. Сепак, поединци застанале во нејзина одбрана, велејќи дека без разлика на што ги троши своите пари, на крајот сепак се грижи за децата и нивните потреби.
„Таа е таа што ги поддржува децата секој ден, со или без помош, ирелевантно, и се грижи да има пелени, храна, облека и други работи; зошто воопшто е важно дали троши за козметичар ако потребите на децата се подмирени?“, прашала една жена, а друга цинично заклучила дека „целата хајка по оваа мајка е само спин на мажи кои сакаат да избегнат плаќање алиментација, па бараат разни изговори за тоа“.
Фото: ТикТок