Првородилките главно не знаат што ги чека кога ќе започне породувањето. Затоа на интернет има бројни едукативни содржини кои жените ги подготвуваат за тоа што ќе се случува во родилната сала.
Ретките среќнички не доживуваат перинеално кинење или епизиотомија, после што следува шиење. Бидејќи оваа процедура се изведува под анестезија, генерално не е болна, но не е ниту пријатна.
Акушерката Ајон Ленокс-Хотл објави на ТикТок како изгледа шиењето по епизиотомија, а видеото стана вирално со 30,6 милиони прегледи.
„ТикТок е апликација наменета за помладата генерација, па мислам дека видеата во кои работиме со кукли за породување станаа вирални бидејќи луѓето никогаш не виделе нешто слично. Породувањето е природно, интересно и страшно, различно за секого“, изјавила таа за BuzzFeed.
Ленокс-Хотл исто така се пошегувала: „Ако луѓето се избезумат заради ова породување што го симулираме со кукла, тогаш тие не сакаат да бидат во родилната сала кога работите ќе тргнат наопаку“.
@midwifetok Ouch #childbirth #midwife #midwifery #episiotomy #suturing #stitches #nursetok #nurse #fyp