Ако разведените родители наместо на себе, почнат да мислат на детето, нема препреки ни во време на корона

Сведоци сме на проблемите со кои постојано се соочуваат секундарните родители, како и за актуелната ситуација кога во состојба на пандемија со корона вирусот примарните родители најдоа одличен изговор како да ги задржат своите заеднички деца само за себе. Затоа оваа инспиративна приказна е навистина убава порака за сите кои се наоѓаат во ваква ситуација.

0
576

Со заедничка одлука, детето ќе биде со мајката 14 дена, а потоа со таткото другите 14 дена заради времето на инкубација од овој вирус кој нè затвори во нашите домови и ни ја одзеде слободата. Не можам да ви опишам колку сум горд на одговорноста и на позитивната одлука на поранешната сопруга, која прифати дека нашето злато е сепак поважно од сите наши несогласувања и ситуации што се случуваат околу нас.

Детето е пресреќно и весело, а верувајте ми – ужива во секој момент поминат со двајцата родители. Се разбира, си ветивме дека секој ден ќе правиме видеоповик со другиот родител и меѓусебно ќе си помагаме во комуникацијата. Би сакал кога наакам на сите нам децата би ни биле најважни, бидејќи така создаваме млади и способни луѓе кои еден ден ќе бидат дел од подобриот свет кој го оставаме за нив.

На овој начин би ги поздравил сите родители што во најлошото нашле сила да ги разрешат дилемите и да ги надминат несогласувањата и заедно почнале да соработуваат во одгледувањето и воспитувањето на своето дете. Ние покажавме зрелост, а се надевам дека и вие ќе го сторите тоа. Заборавете ги омразата, љубомората и сите лоши чувства и ставете го на прво место она што ни е најважно и најмило… НАШИТЕ ДЕЦА“, стои во објавата на таткото кој се потпишал како ‘Тато Ј.’

Се разбира, по објавата има голем број коментари и реакции на родители за кои оваа одлука е вистинска инспирација и надеж дека и тие еден ден ќе можат да го направат истото.

Сведоци сме на проблемите со кои постојано се соочуваат секундарните родители, како и за актуелната ситуација кога во состојба на пандемија со корона вирусот, примарните родители најдоа одличен изговор како да ги задржат своите заеднички деца само за себе. Затоа оваа инспиративна приказна е навистина убава порака за сите кои се наоѓаат во ваква ситуација. Наместо на себе, почнете да мислите на своите заеднички деца!

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]