Ако премногу им давате на децата, им ја одземате благодарноста без која ќе се чувствуваат празно

Оној на кој му служите ве губи како вредност, вие му одземате, а не му давате, давајќи му премногу. Вие го туркате во неблагодарност обезвреднувајќи се себеси.

0
346

Некои луѓе кои не веруваат во сопствената вредност склони се да даваат премногу. Како да сакаат со квантитет да го надокнадат квалитетот. Но, премногу, што е последица од невреднување на самиот себе, се претвора во премалку. Како?

Па, ако тие не го вреднуваат своето давање, како ќе го вреднуваат други? Покрај тоа, ако нешто постојано ви е на ‘повелете’, престанувате да бидете свесни за неговата вредност. Го подразбирате. Како воздух.

Кој е свесен за скапоценоста на воздухот сè додека не го почувствува неговиот недостаток? Тој е тука, како да постои заради нас и како секогаш да ќе биде тука, не бара ништо, само служи… Па, кога го нема, и тоа како ја чувствуваме неговата животна вредност.

А, некои луѓе, несвесни за сопствените вредности, се однесуваат како воздух. Така и другите го губат чувството за нивната вредност, тие престануваат да бидат свесни за нив, како да не добиваат ништо вредно. Како да се неблагодарни. Како можете да бидете благодарни за нешто чија вредност не ја чувствувате. Она што го добивате на таков начин, така подразбирајќи што го губите чувството за неговата вредност, ја губи вредноста и станува премало. Кругот се затвора такашто тој што дава го потврдува преку реакциите на другите она од што и тргнал – дека не вреди.

Човекот не е воздух, тој не е создаден да служи некому, туку да разменува со другите, како вреден со вредни. Оној на кој му служите ве губи како вредност, вие му одземате, а не му давате, давајќи му премногу. Вие го туркате во неблагодарност обезвреднувајќи се себеси.

Ако им го правите тоа на децата, им ја одземате благодарноста, без која тие ќе се чувствуваат празни. А празните се алчни.

Така, некој што се чувствува безвредно му го пренесува и на оној кому му служи чувството на безвредност скриено зад разгалената себичност и неблагодарност.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]