Кога се појавија на пазарот, повеќето пушачи брзо се префрлија на оваа „поздрава варијанта“ за да ја отфрлат лошата навика. Сепак, студиите покажуваат дека тие воопшто не се здрави.
Резултатите од студијата спроведена на Универзитетот во Северна Каролина покажале дека пушењето електронски цигари може да ги оштети белите дробови и кардиоваскуларниот систем, пренесува Дејли мејл.
Исто така, докажано е дека вдишувањето на пареа од електронска цигара може да влијае на репродуктивните органи на жената и на растот на новороденчињата.
Испитувањето е спроведено на глувци кои биле изложени на пареа на електронска цигара и резултатите биле поразителни. Женките кои биле изложени на пареа потешко забремениле, а нивните потомци имале слаб имунитет и се развиле послабо од нормалните глувци.
Фото: Pexels