Ако не дојдеш веднаш, ќе си одам без тебе!

На секој од нас му се случило во момент на беспомошност и гнев да посегне по радикални методи и казни. Дали некогаш сте му кажале на вашето дете нешто вакво? Или: „Ако не престанеш да удираш по седиштето, ќе те исфрлам од кола“!

0
221

Родителската казна како начин на дисциплинирање на децата е насочена на лошото однесување со цел да се подобри. Постојат родители кои прибегнуваат кон овој модел на воспитување, додека други претпочитаат лекции без казна.

„Ако не дојдеш веднаш, ќе заминам без тебе“, или „Ако не престанеш да удираш по седиштето, ќе те исфрлам од кола“.

Дали некогаш сте му кажале нешто слично на вашето дете?

Ваквите закани никогаш не биле добри, смета Улрик Рицер-Сакс, германски онлајн советник за прашања за воспитување на деца. Тој вели дека има многу клишеа засновани на застарени или погрешни претпоставки за тоа како постапуваат децата.

Не можете да го казнувате детето секој пат кога тоа не се однесува како што сте замислиле. Заканите и уцените кои не се повторуваат често и се повеќе исклучок отколку правило, веројатно нема да имаат големо влијание врз развојот на децата и нивното разбирање на реалноста и животот. Меѓутоа, ако целото воспитување се заснова на такви методи, многу е веројатно дека тоа ќе остави последици.

Ако се заканувате со казна, мора брзо да ја спроведете и таа мора јасно да се однесува на одредено лошо однесување.

Ако се заканите дека ќе го исфрлите вашето дете од автомобилот, само ќе го исплашите. Тоа нема никаков ефект, вели Рицер-Сакс.

Заканите не се метод на дисциплина и обично не нудат никаков увид во причината за лошото однесување.

На тој начин, нема да му дадете подобар пример за однесување кој е поврзан со вредности. Тие почесто се користат како начин за казнување или заплашување на децата, во надеж дека однесувањето ќе се промени.

Рицер-Сакс предупредува и дека во одреден момент ќе ги изгубите сите драстични закани или повеќе нема да бидат ефективни.

Како би реагирале ако вашето дете одговори на заканата со: „Добро, направи го тоа“!

Ако му се заканиме на детето со нешто што не можеме да го направиме, тоа е како „да пукаме во празно“. Со тоа не постигнуваме ништо. Со текот на времето, детето ќе престане да ни верува, што доведува до тоа следните закани да не бидат ефективни.

Доколку заканата не била ефективна, детето треба да се казни во согласност со изречената закана. Сигурно дека нема да го исфрлите од автомобилот. Многу е важно да се биде доследен во спроведувањето на казната, што значи дека нема дополнително да ја намалуваме должината на казната.

Според него, прибегнувањето кон методот „ако-тогаш“ е ефикасно кога неговата цел е да го научи детето на некое правило, ограничување или норма, како што се на пример јасните правила за употреба на мобилен телефон.

Ова исто така може да се примени за да се посочат лошите последици од лошото однесување: На пример: „Ако не ги завршиш домашните задачи, ќе имаш проблеми кога ќе дојдеш на настава“.

И уште една важна забелешка – ние никогаш не смееме да го казниме детето такашто ќе му ускратиме задоволување на основната потреба, како на пример, „денес нема вечера за тебе“.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]