Ако премногу гледате во мобилниот телефон или во таблет, ќе ви порасне рог и тоа воопшто не е шега.
Се покажало дека времето кое го поминуваме со паметните телефони и лаптопите ги оптоваруваат деловите од телото кои инаку ги користиме помалку и тие се прилагодуваат.
Научниците од австралискиот универзитет кои тврдат дека кај новите генерации можат да се забележат на тилот, во подножјето на черепот, зајакнати коскени испакнатини кои наликуваат на рог, пишува Њујорк Тајмс.
Кога е пткриена првпат околу 1800.година, надворешната испакнатина на тилот ретко била зголемена, но денеска таа често може да се почувствува како коскена испакнатина под прстите, додека кај ќелавите луѓе е често и видлива. Најбрзо се развиваат кај младите, односно, истражувањето покажало дека најесто може да се забележи меѓу младите на возраст помеѓу 18 и 30 години.
Научниците се убедени дека тоа може да се поврзе со гледањето во таблетите и паметните телефони, зашто на вратните мускули им е потребна посилна потпора за да го држат вратот во таа положба. Кај некои е изразена повеќе, кај некои помалку:
„Работам на клиника веќе 20 години, а во последните 10 години сѐ почесто откривам дека моите пациенти ја имаат таа испакнатина на чеперот“, вели д-р Дејвид Шахар од Универзитетската болница на Сончевиот брег во австралискиот Квинсленд.
Неговиот тим опфатил со истражувањето повеќе од 1.000 черепи на луѓе помеѓу 18 и 86 години. Се покажало дека времето кое го минуваме со паметните телефони и преносните компјутери во рака ги оптоварува деловите од телото кои инаку помалку ги користиме и тие се прилагодуваат.
Така и мускулите кои го поврзуваат вратот со задниот дел од главата прекумерно се користат додека го држат черепот во наведната положба, па сѐ повеќе се зајакнувааѕ, еднакво како што зајакнуваат одредени делови од костурот, со цел тоа подрачје дополнително да се зајакне. Во просек, мерењата покажале дека размерот на таа испакнатина кај луѓето кои биле опфатени во истражувањето е околу 2,6 цм, за што научниците тврдат дека е значително поголема од просекот измерен во 1996. Година. Водечкиот австралиски киропрактичар лани предупредил дека веќе може да се забележи епидемија на ваква промена која стручњаците веќе ја нарекуваат ’text neck’, и тоа кај тинејџерите и децата помлади од седум години.
Така, д-р Џејмс Картер вели дека кај децата денеска често може да се забележи промена на костурот поради паметните телефони. Таа промена може да биде дегенеративна, па често предизвикува болки во главата, вратот, рамениците и грбот.
„Многу пациенти доаѓаат жалејќи се на главоболка, а потоа утврдуваме дека наведнувањето кон мобилниот е всушност причина з аова“, вели д-р Картер.
Британското истражување спроведено лани, врз оснона на следење на испитаници во текот на 2017. година, покажало дека просечен Британец на паметен мобилен или таблет поминува околу 24 часа неделно, или околу три ипол часа на ден.
Луѓето во прсек ги проверуваат пораките или читаат вести на мобилен секои 12 минути, со тоа што секоја петта личност е онлајн и до 40 часа неделно.
Мускулно-коскеното пореметување кое го забележуваме е поврзано со лошо држење на телото во текот на користењето на компјутер и таблет и се обемно истражени и идентификувани како фактор за ризик за развој на поврзани симптоми на вратот, рамениците и подлактиците“, вели д-р Шахар.
Фото: Pixabey