Авторката на КонМари методот признала – со мали деца дома невозможно е да се примени мојот метод

Веројатно сте слушнале за КонМари методот за уредување на домот. Авторката на овој метод е Мари Кондо, „експерт за уредност“, авторка на неколку многу популарни книги, sвезда на емисијата на „Нетфликс“ – „Уредување со Мари Кондо “ и основач на компанијата КонМари Медиа, Inc. Мари исто така се нашла и на списокот од 100 највлијателни луѓе во светот.

0
524

Уште од млада возраст, Кон Мари беше фасцинирана од организација и уредност и почнала да работи како консултант за уредност на 19-годишна возраст, додека студирала во Токио. Денеска таа е познат експерт во оваа област и им помага на луѓето ширум светот да ги претворат своите домови во оаза на редот и инспирација. Во една нејзина книга, која исто така беше бестселер на Њујорк Тајмс, Мари ја подигна уредноста на сосема ново ниво, тврдејќи дека ако само еднаш на вистински начин го средувате и организирате вашиот дом, никогаш повеќе нема да мора да го правите тоа.

И што е КонМари методот?

КонМари охрабрува организирање на домот според категории, а не според просториите, почнувајќи од облека, преку книги, хартии, заеднички работи и конечно, спомени. КонМари вели – задржете ги само оние работи кои ви се навистина важни, а отстранете ги останатите.

А во кои случаи методот НЕ функционира?

Сега кога знаете малку повеќе за жената која ја крева уредноста на ново ниво, замислете таа на еден ден да дојде во вашиот дом. Во куќа кадешто живеат мали деца, речиси сигурно храната во фрижидерот не е сортирана, сите алишта не се уредно наредени и испеглани, а играчките се низ целата куќа. Не е дека не ја сакате уредноста, но децата и методите КонМари методот не секогаш одат заедно.

А тоа, во интервју за списанието „Parents“, ѝ ‘излетало’ и на Мари. Таа признала дека нејзините методи едноставно не функционираат во домовите со мали деца! Таа ја отворила душата признавајќи дека, со целата своја страст за уредност и посветеност својствена за неа, не можела да го одржува домот уреден.

Мари вели дека била „фрустрирана откако станала мајка затоа што едноставно не успеала да го задржи домот во истата уредна состојба што ја имала пред своите деца“. И кога пристигнало второто дете, таа признала дека немала енергија да ги следи дури и своите основни совети за уредност“.

„Родителството ме научи дека треба да си простам“, вели Мари на својот блог. „Радоста што детето ви ја носи во голема мера го надминува секое задоволство што го чувствувате затоа што живеете во совршено уреден дом“.

Значи, секогаш кога ќе ве заболи главата од куп неиспеглани алишта, играчки низ целата куќа, перници на подот, запомнете дека и Мари Кондо признала – малите деца и совршено уредниот дом не одат заедно.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]