Љубопитноста и интелигенцијата се тесно поврзани. Во тоа се единствени истражувачите на однесувањето и психолозите. Љубопитноста е најдобар поттик за соочување со непознатото и за трагање по нови искуства.
Колку е посилно изразена љубопитноста, толку поинтензивно ќе се „школуваат“ духовните способности.
Колку е некое бебе љубопитно, колку е силен неговиот нагон за откривање на нови работи, се особини кои делумно се наследуваат. Но родителите можат многу да придонесат поттикнувајќи ја истражувачката природа на своето бебе.
Многу е важно да се остави бебето без ограничување да ја живее својата љубопитност. Но ако тоа постојано слуша дека таму не смее да оди, дека тоа не смее да го фаќа, дека не смее да ја влече книгата од полиците, темџерето од шпоретот, клучот од чантата на мама, неговата љубопитност ќе спласне.
Затоа, не забранувајте постојано, не го кочете бебето со својата претерана претпазливост.
Подобро е да го обезбедите станот така за бебето да може да истражува, но да не може да се повреди.
Фото: Alexander Dummer on Unsplash